19 Мај, 2024
0.0309

Каевски: Блокада на европскиот пат ќе значи 11 загубени години во изолација, загубени 10 милијарди евра од европските фондови

Објавено во: Македонија 26 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Блокадата на европскиот пат прескапо ќе ги чини земјата и народот, вели  Дарко Каевски, пратеник од СДСМ и портпарол. 

Рече дека антиевропското делување на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е на директна штета на граѓаните и државата. 

„Обидот за блокада на членството во ЕУ е обид за загрозување на македонската иднина. Блокада на европскиот пат ќе значи 11 загубени години во изолација, загубени 10 милијарди евра од европските фондови и неизвесна иднина. Прескапа цена е тоа за нас како држава, но и како народ и тоа не смее да се случи“, рече пратеникот. 

Додава дека се одвоивме од Хрватска и заостанавме 17 години во чекалната.

„Ако се одвоиме од Албанија, Црна Гора и Србија, никој не гарантира дали некогаш ќе биде можно да станеме земја членка на ЕУ“, вели тој.

Каевски додава дека имаме историска шанса, сериозна поддршка од ЕУ и САД за продолжување на европскиот пат.

Преговарачката рамка е усвоена од сите 27 земји членки и таа обезбедува и гарантира целосна заштита на македонскиот јазик и идентитет. Не може државата да биде заложник на кариерата на антиевропски политичари. СДСМ ќе направи сѐ за да државата да оди напред, ќе направиме сѐ за граѓаните да живеат во европска држава, со европски животен стандард“, изјави пратеникот. 

ВМРО-ДПМНЕ и натаму е против уставните измени. 

Заменикот помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар вели дека не е во Македонија да врши тортура врз некого. Тој вака ја прокоментира изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека власта барала од меѓународните пријатели да се притисне опозицијата да го смени ставот за уставните измени. 

Ескобар порача дека САД не избираат влади за земјите на НАТО, но вели дека поставуваат очекувања. 

Можеби ќе ве интересира

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје