17 Мај, 2024
0.0263

Кафеаните и кафулињата бараат од Владата да не ја условува помошта

Објавено во: Економија 03 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Угостителите бараат од Владата безусловно да ја додели државната помош од следниот пакет на економски мерки, кога и да започне тој да се реализира. Од таму велат дека сепак се уште не се информирани дека петиот сет започнал да се креира од страна на државата.

- После сите активности и укажувања на потребата од ургентни мерки за поддршка и помош на угостителите кои ги направивме изминатиот период очекуваме покана од Владата за заедничко учество и придонес во креирањето на петтиот сет економски мерки со кои треба да се таргетираат оние кои се најпогодени од кризата. Новите сет економски мерки мора да содржат финансиска поддршка и неповратна помош со која ќе бидат надоместени загубите и штетите на угостителите поради рестриктивните мерки наметнати со протоколите за работа и ограничувањата на работното време на угостителските објекти и истите да бидат креирани спрема вистинските и реалните потреби на угостителите и угостителската индустрија, вели Здравко Јосифовски, претседателот на Независната угостителска комора.

Сепак претставникот на НУК вели дека во моментов нема фидбек кога и дали комората ќе биде вклучена во креирањето на петиот сет мерки за економска помош во справувањето со последиците од ковид-кризата.

- До моментов НУК нема добиено информација или известување дека Владата започнала со креирање на петтиот сет мерки ниту пак имаме добиено официјална покана за учество во нивното креирање, тврди Јосифовски.

Ставот на угостителите е дека новиот сет мерки мора да содржи компоненти кои ќе бидат наменети исклучиво за угостителите и ќе бидат безусловни односно нема да има условени критериуми со кои на угостителите кои не можат да ги исполнат ќе им биде ускратена оваа помош. 

Покрај тоа, тие бараат грантови за сите угостители по принципот на доделена ваква помош за ноќните клубови и категоризираните ресторани, безусловна достапност до долгорочни и бескаматни државни кредити за одржување на тековна ликвидност и унапредување на угостителството, изедначување на ДДВ за угостителски услуги согласно ветувањата на 10 отсто на сите угостителски услуги и во сите угостителски објекти.

Нивно барање е и што побрзо враќање во целост на работното време на угостителската индустрија согласно законот за угостителска дејност, како и укинување на дел од несоодветните и непотребни рестриктивни забрани за работа на угостителските објекти како што се јачината на музиката и настапот на естрадни уметници


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА