29 Април, 2024
0.0241

Кафето не треба да се пие пред 10 часот наутро

Објавено во: Стил 17 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

И покрај фактот дека голем број на луѓето го пијат првото кафе веднаш по станувањето од кревет, научниците тврдат дека има многу подобро време за тоа.

Утринското кафе е задолжителен ритуал за многу луѓе, но новите истражувања покажуваат дека не треба да го конзумирате кофеинскиот пијалок пред 10 часот наутро.

Раните утринските часови е погрешно време за слаткото задоволство на жешката чаша кафе. Научниците од научниот канал „ASAP Science“ докажаа дека пиењето на кафе пред 10 часот наутро нема никакво влијание врз нашето тело. Ова се должи на хормонот кортизол, кој се одвојува како одговор на стресот три пати на ден, од кои едниот е во раните утрински часови. Кофеинот го спречува неговото природно производство и телото почнува да произведува помалку хормони, мислејќи дека кофеинот ќе додаде разликата.

Нивото на хормонот паѓа кон 10 часот и тогаш е времето кога треба да ја испиете првата чаша кафе во денот. Ако одлучите да испиете едно кафе попладне пијте, најсоодветно време за тоа помеѓу 14 и 17 часот.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти