30 Април, 2024
0.0350

КАКО БЕСИМИ В ГОДИНА ЌЕ ПОТРОШИ 615 МИЛИОНИ ЕВРА, А ГОДИНАВА УШТЕ НЕ СМЕ НА ПОЛОВИНА - ќе има индикатори за мерење на успешност на капиталните расходи

Објавено во: Финансии 11 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Во екот на големата политичка бура која се случува во земјава после локалните избори, во чија сенка беше презентиран и Буџетот за идната година, малкумина беа тие кои се запрашаа по која основа Владата се обврзува дека идната година ќе инвестира дури 615 милиони евра во капитални инвестиции. Таа е најголема сума досега, предвидена за огромен број различни проекти, со гволем раст во однос на сите претходни години.

А, од друга страна, пак, на веб  страницата на Министерството за финансии можат да се видат далеку од убави бројки за тоа колку слабо е реализиран буџетот за оваа година.

Или, за девет месеци, период во кој требало да се реализираат околу 75 отсто од капиталните расходи, процентот на остварување е многу понизок и изнесува само 47,6 отсто.

Односно, ако биле планирани за годинава 455,7 милиони евра, што е многу помалку од планот за идната 2022 година, за девет месеци биле потрошени само 217 милиони евра.

За првите девет месеци од годинава има многу институции кои воопшто не вложиле ни денар, односно имаат нула отсто реализација на капитални инвестиции.  

Такви државни органи со чиста нула се Инспекцискиот совет, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Државниот инспекторат за техничка инспекција, Државниот комунален инспекторат, и Државниот инспекторат за шумарство и ловство.

Многу мали реализации имаат и ДИК, само 1,23 проценти (веројатно набавката на апаратите за фингерпринтот ќе се види во статистиката во наредните месеци), Државниот завод за заштита на индустриската соспственост, со 1,2 проценти, Собранието со 5,5 отсто, Комисијата за заштита од дискриминација со 4,26 отсто, потоа Агенцијата за национална безбедност со 5,16 проценти, Државниот управен инспекторат со 1,98 отсто, Фондот за ПИОМ има 4,3 отсто, а Државниот просветен инспекторат има 8,4 проценти.

Најдобар трошач убедливо е Министерството за земјоделство со над 100 отсто инвестирани капитални инвестиции, или 100,77, што значи дека тие на три месеци пред крајот на годината дури и го натфрлиле планот.

Агенцијата за разузнавање има 98,3 отсто, Државниот инспекторат за труд има 94 отсто, а Државниот инспекторат за градежништво има 93 проценти. Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работни односи има 92,8 проценти, Комисијата за односи со верските заедници 85 отсто, а Агенцијата за храна и ветеринарство има 83 проценти. Уставниот суд има одлична реализација од 83,5 отсто. Сосема солидно исполнување од 86,3 отсто има и Агенцијата за странски инвестициии промоција на извозот. Државното правобранитњелство и Јавното обвинителство имаат 70 отсто, додека, пак, Министерството за внатрешни работи реализирало 65,5 проценти.

Затоа и на ваква ниска реализација не е јасно како за идната година се планира да се потрошат 615 милиони евра за капитални инвестиции, или 130 милиони евра повеќе од сумата планирана со ребалансот за годинава, додека, пак, зголемувањето е 27 отсто во однос на планот за оваа година.

Само за Коридорот 8 се предвидува да одат 100 милиони евра, средства кои ќе ги добие компанијата „Бехтел Енка“.

„Во текот на 2022 година се планираат: со буџетски средства во износ од 6 милијарди денари планирани се значајни инвестициони вложувања во областа на патната инфраструктура, поврзани со проектирање и изградба на дел од Коридор 8 планирањето, проектирањето, изградбата и употребата на Коридорот 8, Делницата: Тетово -Гостивар/проширување на автопат, изградба на нов автопат Требеништа – Струга – Ќафасан, изградба на делница Гостивар-Букојчани и Букојчани-Кичево, како и Коридорот 10 д, делницата Прилеп – Битола. Дополнително, преку ЈПДП во делот на патна инфраструктура ќе се изготви физибилити студија за изградба на патот Тетово – Призрен“, се вели во буџетот.

Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека главна карактеристика на Предлог-буџетот за 2022 година е дека дефицитот ќе се користи единствено за поддршка на позначителниот дел капитални инвестиции. Во 2022 година, според сите карактеристики ќе имаме „развоен буџет“, убедува првиот финансиер.

Според него, средствата ќе бидат наменети за интензивирање на реализацијата на инфраструктурните проекти, односно за инвестициски вложувања во патната и во железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, земјоделството, културата, спортот, заштитата на животната средина и правосудството.

„За да се одговори на сѐ уште присутните предизвици од пандемијата на КОВИД-19, предвидени се повеќе средства во здравствениот сектор и истите се планирани на ниво од 7,4 милијарди денари. Значителен износ се однесува на набавка на вакцини против КОВИД-19; потоа за реконструкција на ЈЗУ во износ од околу 260 милиони денари; набавка на медицинска опрема, реновирање и опремување вакцинални пунктови, како и други програми“, рече Бесими.

Или, како што потенцира тој, во однос на мерење на успешноста во реализацијата на инфраструктурните проекти со Буџетот за 2022 година, ќе се воведат индикатори за успешност на реализацијата.

„Во однос на индикаторите за мерење на успешност, веќе во Буџетот за 2022 година имаме новини, петгодишни индикатори за успешност на реализација, наречени инпут и аутпут индикатори“, информира министерот и додаде дека во овој дел ќе се работи со техничка помош од ММФ.

Министерот нагласи дека воведениот механизам КАПЕФ веќе дава резултати во однос на реализацијата на капиталните инвестиции.„За да имаме подобра реализација оваа година, воведовме механизам што предвидува секој квартал во годината да се прави контрола, но не само тоа туку и да се реалоцираат средствата со цел подобра реализација“, рече Бесими.

На располагање ќе бидат и развојната, проектната и зелената обврзница наменети исклучиво за капитални инвестиции, за што веќе постојат искуства во светот.Според Бесими, овие инструменти ќе бидат можност и за нашите граѓани од дијаспората што ги чуваат своите пари во банките во развиените земји каде што каматата е речиси нула, да ги инвестираат во обврзница врзана со некој проект.

„Ќе имаат можност да инвестираат 10.000 евра или долари за обврзница за некој проект и на тој начин ќе инвестираат во развојот на нивната држава, а притоа парите им се гарантирани и добиваат приход поголем од оној што им го даваат банките во развиените земји каде што ги чуваат парите. На тој начин нивната поврзаност со државата е уште појака, не само економски, туку нивните пари се претвораат во инвестиција“, образложи министерот.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?