Како Боб Дилан ги запозна Битлси со марихуаната
Објавено во: Свет, Стил 20 Декември, 2015
Популарната група Битлси со легендардниот Боб Дилан се запознале во хотелот Делмонико, на 8-ми август 1964-та после концертот во стадионот Форест Хилс во Њу Јорк.
На оваа средба, Боб Дилан прв пати ги запознава со марихуаната членовите на бендот.
“Дотогаш бевме луѓе кои само пиеа виски и Кока кола“ раскажува Пол за животот пред марихуаната.
На почетокот Дилан мислел дека Битлси веќе користат марихуана поради песната “I Want To Hold Your hand”, чиј текст погрешно го чул. Тој сметал дека музичарите пеат за марихуана во делот "and when I touch you I get high, I get high...", што всушност правилно е 'I can't hide, I can't hide, I can't hide...'"
Дилан го свиткал првиот џоинт и му го дал на Ленон кој после првото тргање му го додал на Ринго.
Тој не знаејќи како одат работите го допушил целиот сам. Дилан свиткал уште неколку и уживал да ги гледа Битлси како се кикотат.
“Потоа пушевме марихуана за појадок. Толку бевме навлечени што никој не можеше да комуницира со нас. Се смеевме цело време“ тврдеше Ленон.
Битлси и марихуаната остануваат „во врска” до крајот на нивните животи иако често се наоѓале во судир со законот поради неа.