06 Мај, 2024
0.0281

Како да договорите добра плата при започнување на нова работа?

Објавено во: Стил 21 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Едно од непријатните прашања за време на интервју за работа е каква плата очекувате. Повеќето луѓе се плашат да одговорат директно.

Има, меѓутоа едно железно правило кое можете да го почитувате. Пред да се јавите на интервју за работа, убаво е да се запознаете со пазарот и со нивото на плати во секторот.

Кога кандидатот бара превисоки барања постои ризик тој да отпадне од табелата. Кога барањата се невозможни, има шанса да не добива адекватно плаќање.

Преговорите за плата не се воопшто лесни. Грешки можат да бидат применети и при преговорите, кога работникот е долгогодишен вработен и се стреми кон повисока плата.

Според експертите треба да се дејствува ладнокрвно. Многу честа грешка е кај желбата за зголемување на платата луѓето да не ја гледаат вредноста што ја носат на компанијата, туку сопствените потреби, коментираат експерти. Работникот секогаш треба да биде подготвен и со сценарио во кое добива отказ.

Во никој случај не треба да се пристапите со закана дека ако не го добиете бараното зголемување, ќе заминете. Ова крие ризик преговорите да бидат прекинати уште во самиот почеток.

Младите вработени се исто така специфичен случај во однос на платите, бидејќи тие имаат големи очекувања за плата, а барањата им се помали.

Експертите советуваат да ги почитувате своите можности, кога аплицирате за работа. Може да се добие повисока плата, но тоа ќе биде краткотрајно, ако не ја носат потребната додадена вредност на работодавачот.