27 Април, 2024
0.0270

Како да ја вратите мотивацијата за работа дури и да ви се чини неповратно изгубена

Објавено во: Мои пари 29 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Има моменти во кои секој човек се прашува дали го направил вистинскиот избор на кариера и дали ја има потребната мотивација и желба да продолжи напред. Постојат меѓутоа начини сами да си ја вратите страста кон работата - а ние ви пренесуваме неколку од нив

1. Променете ја средината, за да им пркосите на тензиите

Прво: исчистете го умот од негативни мисли. Ако постојано се обвинувате себеси за проблемот, никогаш нема да дојдете до продуктивни решенија. Во такви моменти, најдоброто нешто што може да направите е да излезете на свеж воздух и да избегате што е можно подалеку од работното место. Направете го сето она што е потребно за да ја вратите контролата врз вашата емоционална состојба и да започнете да мислите трезвено.

2. Пренасочувајте го фокусот кон нови и подобри идеи

Може и да звучи клиширано, но дефиницијата за лудост е да го правиш истото одново и одново, и да очекуваш различни резултати. Ако вашата кариера или бизнис е во застој, одредете што го попречува вашиот развој и направете соодветни прилагодувања за да се отстрани проблемот.

3. Почнете да размислувате позитивно

Насоката во која ќе се развива кариерата и бизнисот, зависи од вашите мисли, чувства и дејства. Кога мислите дека сте неуспешни, вие самите почнувате да верувате во оваа идеја и создавате предуслови за идни неуспеси. Наидете ли еднаш во кругот на неуспехот и двоумење, тешко може да се извлечете.

4. Бидете трпеливи

Кога ќе посакате да шутнете сè, потсетете се дека ништо не е конечно. Ако се вратиме на основите, промените на начинот на размислување и поставите нов курс за иднината, нема да ви потрае долго време пред да го откриете вистинскиот пат.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“