07 Мај, 2024
0.0233

Како да одгледате милијардер – совети од таткото на Марк Цукенберг

Објавено во: Стил 27 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Животот се менува кога имате деца. И макар тоа да е клише, тоа важи со полна сила. Соништата за тоа да се постигнат големи работи во животот во се поголема мера почнаа да се префрлаат од мислите за тоа како да обезбедите најдобар почеток за децата.

Најголема шанса да живеат добро децата ќе имаат, ако се претприемачкинастроени. Тоа значи повеќе контрола над нивното време, повеќе пари и најчесто повеќе слобода да го прават она што навистина го сакаат.

Еве некои работи кои д-р Едвард Цукенберг, таткото на Марк Цукенберг, ги спдлеува во интервју за локална радио станица во врска со начинот на воспитување на неговиот син, кои му помогнаа на основачот на Facebook да стане човекот кој е денес.

1. Модел кој работи за вас

Едвард Цукенберге стоматолог. Дури и денес тој ја остварува својата практика надвор од семејниот дом. Неговата сопруга, која по професија е психијатар, е неговиот „премногу квалификуван“канцелариски менаџер. Така младиот Цукенберг набљудувал како неговото семејство го развива приватен бизнис и е опкружен од последната напредна технологија - средина која му помогнала да развие интерес во сферата во која функционира во моментот.

„Сите мои деца пораснале околу канцеларија и биле изложени на влијанието на компјутерите“, коментира д-р Цукенберг.

„Дефинитивно има предности во тоа децата да се изложени на влијанието на технологијата од рана возраст. Ова сигурно го зголемило интересот на Марк кон нив“.

2. Создадете безбедна средина за децата

Има многу приказни за богати претприемачи кои пораснале во сиромаштија. Многу поверојатно сепак е децата да имаат тенденција да преземат ризици, ако имаат стабилна поддршка и пораснале во нормална средина, смета Едвард Цукенберг. Во случајот таткото се трудел,се за да обезбеди безбедност за семејството.

3. Откривајте и охрабрувајте ги интересите на децата

„Можеби најдоброто нешто што можам да го кажам е во однос на убедувањата, на мене и мојата сопруга, за воспитувањето на децата. Ние веруваме дека наместо да се обидуваме да го насочуваме животот на своите деца во одредено нешто што мислиме дека е правилно, е многу подобро да ги откриеме нивните интереси и силни страни и да ги охрабруваме да ги развиваат“.  Доктор Цукенберг му дозволил на својот син да развие примитивна програма за „инстант пораки“, со која луѓето од различни делови на стоматолошка ординација ќе комуницираат едни со други. Оваа програма е наречена во семејството ZuckNet.

4. Покажете им дека сте горди со нив

Едвард Цукенберг објаснува за син му дека е „добар студент“, со особен интерес кон математиката и точните науки. Марк го напуштил домот како скромно момче и ретко зборувал за своите успеси.

„Горд сум со успесите на сите деца“, коментира неговиот татко. Покажете им го тоа често на своите деца, советува тој.

5. Ставете граници

Дисциплината е исто така многу важна, според Едвард Цукенберг . Не станува збор сепак за „физичко наметнување дисциплина“. Според таткото на Марк има одредени типови однесување на децата кои веднаш треба да се покаже дека нема да се толерираат во семејството. И иако родителите го сакаат само најдобро за своите деца, сепак не треба да заборават дека тие се сепак само деца.

6. Мора да има игри и забава

И додека улогата на родителите е да ги стимулираат и поттикнуваат децата да се развиваат, треба да има време за игри и забава.

7. Не остарувајте премногу брзо

Последниот совет, кој го дава таткото на Марк Цукенберг кон родителите, е да не остаруваат. Живејте за децата и откажувајте се од фактот да остарите. „Бидете вечно млади по дух, учете се да ги разбирате децата и она што ги возбудува, дури и да е ново за вас“, е последен совет на доктор Цукенберг .