29 Април, 2024
0.0257

Како да ослабете 28 килограми со ленено брашно – рецепт и совети

Објавено во: Стил 18 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Здраво! Се викам Марина и сакам да споделам со вас како ослабев 28 килограми за седум месеци.

Пред 3 години, јас имав 94 килограми. Сега сум 66 килограми / плус-минус 1-2 килограми во деновите околу месечниот циклус /.

Нема да ви праќам слика 'пред и сега', бидејќи на мене самата ми се повраќа од слични манипулации, нема пред и нема сега.

Има "бев дебела и ослабев". Сакам уште на почетокот да истакнам многу дебела - за оние скоро 3 години не се соочив со јо-јо ефектот. Но пак стекнав железна дисциплина. Инаку не може да се ослабне - со што и да е, како и да е.

Еве што направив јас Прво се намалува се на половина. Ги исфрлив големите чинии. Не јадев никакви пасти, колачи , престанав да пијам газирани пијалоци. Почнав да одам пеш на работа. Нема диета, нема режим - што и да е, но половина порција. Малку потоа мојата последно јадење беше во 17 часот. И сеуште е така. Со една особеност - еден од оброците ми е само од ленено брашно.

Рецептот со лененото брашно е лесен. Во чаша млеко се ставаат 3-4 лажички ленено брашно, се промешува и се пие. Млекото може да се замени и со зелен чај, може да е мутено, може да е овошен или сок од зеленчук, со исклучок на цитруси. Не може да се меша ленено брашно со јогурт.

Кога се измеша и е подготвен, непосредно пред да го испиете, ставете во него и една лажичка спирулина во прав.

Јас одморам од време на време од Спирулината и наутро ја заменувам со лажичка какао, но од убавото. Гледам да не претерувам со него, бидејќи малку го затегнува стомакот.

Тоа е. Ленено брашно е мојот начин на спас од прголема телесната тежина. Не е скапо, ефикасно е, но бара многу дисциплина и посветеност. Во почетокот е тешко, потоа е лесно, а сега дури ми е убаво, бидејќи го променив целосно не само начинот на кој изгледам, но и гардеробата.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти