19 Мај, 2024
0.0334

Како да се мотивирате кога не ви се прави ништо?

Објавено во: Стил 29 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Дури и најамбициозните и активни луѓе понекогаш не можат да се натераат да завршат одредена задача. А кај некои периодите на опуштеност знаат да потраат доста долг период. Добрата вест е дека постојат неколку трикови со кои мотивацијата може да се врати дури и во таквите денови.

На прво место е важно да размислите зошто не ви се прави ништо. Можеби работата што треба да ја направите, е непријатна и се обидувате да ја одложите. Или пак сте премногу уморни, систематски недоспиени и ви недостасуваат витамини. Друга опција е едноставно да немате доверба дека можете да се справите со претстојното. Кога си ја разјасните причината, ќе ви биде полесно да најдете решение за проблемот.

Ставете ја летвата ниско. Опуштени сте, значи не може да работите со полн капацитет. Ако си поставите високи цели, само ќе се разочарате, кога не ги исполните и ќе се чувствувате уште полошо. Започнете со мали, лесни работи и постепено зголемувајте го балансот, кога се чувствувате подготвени.

Во овие периоди е важно да не сте премногу самокритични. Така ќе ја влошите состојбата, ако постојано си повторувате колку сте непродуктивни или мрзливи. Наместо тоа користете зборови со кои би охрабриле пријател со сличен проблем.

Мотивацијата доаѓа и кога си визуелизирате дека задачата е веќе завршена. Замислете колку релаксирано ќе се чувствувате и почнете со имплементација.

Наградете се. Ако веќе сте успеале да го надминете периодот на опуштеност, заслужувате да си овозможите некакво задоволство. Купете си нешто за што сонувате или одете на кино со пријателите. Запомнете дека овие периоди не се вечни и не треба да ви претставуваат очај. Тие се дел од животот на секој професионалец - вие само треба да се научите да ги надминете.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“