18 Мај, 2024
0.0496

Како да се развие способноста на младите луѓе да препознаат сајбер насилство и говор на омраза на интернет

Објавено во: Македонија 28 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Доколку младите луѓе се едуцираат преку сеопфатна општествена акција против сајбер насилството и неговите последици, тие лесно ќе препознаваат злонамерност и сè поголем број од нив ќе преземаат акција за да се заштитат. Исто така, информираноста на младите за тоа што точно подразбира негативно однесување и вознемирување на интернет ќе придонесе тие да не учествуваат во такви појави.

На луѓето, како социјални суштества, природно им се важни реакциите на другите луѓе. Ова особено важи за децата, коишто се исклучително чувствителни на реакциите на социјалните медиуми, поради фактот што тие сѐ уште немаат достигнато стадиум на развој во кој критички и безбедно ќе можат да ги восприемаат содржините пласирани од другите и соодветно да се заштитат и да реагираат на нив. Оваа закана е особено интензивна во периодот кога тие влегуваат во пубертет (и адолесценција) ипоминуваат низ процеси на интензивно преиспитување на себеси и на сопствената позиција во социјалните кругови. Дополнително, за тој период е карактеристично и тоа што самодовербата на адолесцентите е на најниско ниво. Сето тоа прави тие да бидат лесни жртви на манипулации и злоупотреба од страна на (по)возрасните, но во исто време и поранливи на (речиси) секоја реакција на социјалните медиуми. При тоа,  секој негативен коментар може да биде доживеан како силен удар на нивната личност или да предизвика и голема трагедија". – вели Огнен Спасовски, професор на Институтот за психологија.

Развивањето критичко мислење кај младите луѓе е важна способност. Тоа им овозможува да го развијат и проценат информативниот контекст на коментарите и пораките што младите ги добиваат и испраќаат, да ги препознаат знаците на сајбер насилството и да знаат како да реагираат во такви ситуации.

„Способноста за критичко мислење ќе им овозможи рационално идентификување на потенцијалните закани и валидноста и личната важност на информациите и коментарите. Дополнително, потребно е да се развијат процедури, коишто се безбедни и лесно разбирливи и спроведливи за децата, преку кои тие ќе можат да пријават насилство. Понатаму, нужни се мерки за развивање на способноста за емпатија и сочувствување и почитување на другите со што ќе се спречи децата да им нанесуваат зло на другите.” – додава професор Спасовски.

Работилници за млади – заедно за интернет без омраза

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФ ги повикуваат децата и младите да се вклучат во кампања за борба против сајбер насилството и говорот на омраза. Објавен е отворен повик за сите млади на возраст од 14 до 19 години, коишто можат да се пријават со пополнување на следниот формулар: https://t.ly/p08z. Работилниците ќе се организираат во мај и на нив, со поддршка од професионалци од областа на комуникациите, децата и младите ќе создаваат медиумска писменост, стручњаци за нови технологии и креатори на мултимедијални содржини. Тие ќе се осврнат на проблемите, ќе научат како да се справат со нив и ќе создадат кампања за подигање на свеста на нивните врсници и на целата јавност.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци