02 Мај, 2024
0.0270

Како да се состави добар говор?

Објавено во: Анализа, Мои пари 15 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Сигурно сте биле сведоци на многу досадни говори. Луѓе кои го трошат вашето време кое не знаат што да кажат и кои немаат никаква поента. Па дури и да ја имаат ја губат некаде по патот, додека не заборават што сакале да кажат. Во денешно време станува исклучително тешко да се задржи вниманието на луѓето. Во време кога сите сме бомбардирани со разни информации за безброј работи, целта на секој што сака да прати некаква порака, да напише текст и слично, е да најде начин со кој ќе успее да го задржи вниманието на читателот или слушателот. Еве неколку правила, кои веруваме дека ќе се покажат како корисни за остварување на таа цел: Нека ве запаметат:  Делува навистина лесно и навидум ова е едноставно правило. Но верувајте ова е можеби најтешката работа во пишување на говор. Реченицата од говорот на Кенеди во 1961 година кога беше избран за претседател е типичен пример за квалитетен говор. Не прашувајте што може вашата земја да направи за вас, прашајте што може вие да направите за вашата земја. Метафори, аналогии, елементи на изненадување..обидете да ги користите ваквите форми со цел да постигнете поголем ефект Структура на говорот: Немојте да залутате. По никоја цена. Пред да почнете со излагањето мора да имате јасна цел што сакате да кажете. Вниманието на луѓето денеска е многу кратко, затоа мора да имате јасен план што ќе кажете и како ќе кажете Почетокот е најбитен: Овој дел е поврзан со претходната точка. Токму поради тоа што вниманието на луѓето е многу кратко мора да знаете дека на почетокот мора да го имате нивното внимание. Не го чувајте најдоброто за крај, затоа што додека дојде крајот можеби нема веќе да има кој да слуша. Повторувајте се: Навидум лоша тактика. Но соговорникот мора да запамти што сакате да му кажете. Откога ќе го имате неговото внимание повторувајте ја главната поента ако треба и неколку пати. Сетете се на работи што ги знаете, сигурно не ви влегле во глава од прва. Можеби на почетокот некого ќе нервирате, но запрашајте се, што ако не повторувате доволно, дали соговорникот ќе се сети за што зборувате неколку недели по говорот. Овие насоки може да ги користите и за пишување на текстови, ПР објави, не само за говори пред публика. Правилата се исти без разлика дали се обраќате на мала или голема публика, или публика која чита или слуша. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад