19 Мај, 2024
0.0264

Како да станете милионер пред да наполните 30 години?

Објавено во: Стил 13 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Да се забогатиш и да станеш милионер е табу тема.

Да кажеш дека тоа може да се случи пред да наполните 30 години пак звучи како фантазија, вели меѓународниот експерт за продажба Грант Кардоун кој е и на листата на најпродавани автори на Њујорк тајмс. Ова не би требало да е табу и е можно. На 21-годишна возраст завршив колеџ и покрај многуте обврски, а пред да наполнам 30 години веќе бев милионер, вели Кардоун.

Еве неколку совети од него:

1. Следете ги парите. Во денешната економска клима човек нема како да стане милионер од заштеди. Првиот чекор е да се фокусирате на зголемување на вашиот приход. Најпрво приходот ми беше 3 000 долари месечно, а девет години подоцна изнесуваше 20 000 долари месечно. Започнете да ги следат парите и тоа ќе ве натера да ги контролирате своите приходи и да гледате различни можности.

2. Не парадирајте - работете! Не си го купив првиот луксузен часовник или автомобил, додека компаниите и инвестициите не почнаа да ми носат бројни и сигурни приходи. Сеуште возев Toyota Camry, кога станав милионер, вели Кардоун. Бидете препознатливи со вашата работна етика, а не со ситниците кои ги купувате.

3. Заштедете, за да инвестирате, а не штедете за заштеда. Единствената причина за заштеда на пари е - за да ги инвестирате. Вгнездете ги заштедените пари во сигурни неповредливи сметки. Никогаш не користете ги овие пари за ништо, дури и во итни случаи. Ова ќе ве натера да продолжите да го следите првиот совет (зголемувајте ги приходите).

4. Избегнувајте обврски кои не ви носат приходи. Сфатете го ова како по правило никогаш да не прибегнувате кон обврски кои нема да ви донесат пари. Зедов пари позајмени за автомобил, само затоа што знаев дека тоа може да ми ги зголеми приходите. Богатите луѓе ги користат обврските за да ги зголемат инвестициите и паричните текови. Сиромашните луѓе користат обврски, за да си купат работи кои ги прават богатите луѓе побогати.

5. Однесувајте се кон парите како кон љубоморен љубовник. Милиони луѓе сонуваат за финансиска слобода, но само луѓето што го вртат тоа во приоритет, успеваат да натрупаат милиони. За да се збогатите и да останете богати, тоа треба да ви е приоритет. Парите се како љубоморен љубовник. Игнорирајте ги и тие ќе ве игнорираат, или уште полошо - ќе ве шутнат поради некого, за кого се приоритет.

6. Парите не спијат. Парите не го признаваат часовникот, распоредот или празниците и тоа би требало да важи и за вас. Парите ги сакаат луѓето кои имаат одлична работна етика. Кога бев на 26 година, се занимавав со продажба на мало и продавницата во кој работев, затвораше во 7 часот навечер. Во повеќето дена можеше да ме најдете таму во 11 часот навечер, кога правев дополнителни продажби. Никогаш не се обидувајте да бидете најпаметниот или најголемиот среќник - само работете повеќе од сите останати.

7. Да си сиромашен нема смисла. Сум бил сиромашен и тоа мизерно. Имав периоди во кои парите ми стигаа, но тоа е исто толку мизерно. Елиминирајте ги сите идеи за тоа што дека си сиромашен . Бил Гејтс вели "Ако си роден сиромашен, тоа не е твоја грешка. Ако сепак умреш сиромашен, тоа е твоја грешка."

8. Најдете си ментор милионер. Повеќето луѓе растат во семејства кои се дел од средната класа или во сиромашни семејства, по што се ограничуваат во рамките и идеите на соодветната група. Проучувајте ги милионерите, за да го ископирате она што тие го правеле. Најдете си ваш милионер ментор и изучувајте ги неговите активности. Повеќето богати луѓе се екстремно дарежливи во однос на своето знаење и ресурси.

Применувајте ги овие совети и ќе се збогатите. Држете се настрана од луѓе кои сметаат дека финансиските соништа се предизвикани од алчност. Избегнувајте ги шемите за брзо богатење, бидете етички, никогаш не се откажувајте и откако успеете, бидете подготвени да им помагате и на други, советува Кардоун.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“