16 Мај, 2024
0.9358

КАКО ГЕРМАНЕЦОТ ЕКАРД ГОСЕЛ РАЗВИ СОПСТВЕН БРЕНД ЗА КАФЕ ВО КИНА: Создаде робот кој прави кафе како најдобрите европски мајстори

Објавено во: Економија 01 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Извонредна можност е да се запознае бизнисмен од Европа во Кина, кој тука, пред 2-3 години развил сопствен бренд - Интелигентен робот за кафе „Екард“. 66-годишниот Екард Госел од Фрајбург, Германија, пред 20 години почнува ново животно поглавје во Нингбо. Овој технолошки иноватор кој е високо ценет во кинеското општество, по многубројните интервјуа во овдешните медиуми, детално ја раскажа својата сторија и за јавноста во Македонија. Во разговорот за Фактор, Екард Госел говори за неговата идеја да прави кафе на европски начин во Кина, и тоа со помош на интелигентни уреди. Овој сестран човек, кој има диплома по машински инженеринг во сосема ист чекор е со технолошкиот развој на оваа земја, па неговата замисла ја реализира во партнерство со неговиот пријател Џенг Нинг, кој има технологија за механичка интелигенција.

-Пред повеќе од две децении со сопругата посакавме да ја посетиме, да ја видиме Кина која е навстина една мистична земја, полна со предизвици и сега по толку години можам да кажам дека ова е мојот дом. Од пред точно две години ја остварив мојата најголема животна желба и добив дозвола за постојан престој за странци во Народна Република Кина. Можам да кажам дека речиси живеам како Кинез иако сум се уште Германец. Тука имам две компании. Уште од 2008 година ја основав мојата трговска компанија, која главно работи и со американските и со европските пазари, а втората компанија ми е сосема нова, всушност постои од пред две-три години. Имам партнер со кого развивме робот-систем за правење кафе. Искрено се надевам дека во иднина мојата компанија ќе прави поголем обрт на пари на локално ниво и затоа сакам да ги охрабрам инвеститорите и бизнисмените да размислат и да дојдат во Кина, бидејќи условите за отворање бизнис тука се навистина одлични, посочува Госел.

Во однос на тоа какви се процедурите, тој вели дека кинеската влада е голем поддржувач и несебично помага во целиот процес за основање сопствена компанија, а регулативите се многу јасни.

-Кина дава многу можности. Токму пред неколку дена му реков на еден пријател: „Сега во Кина е исто како кога бевме млади и говоревме дека Америка е земја со бескрајни можности“. Токму така е сега во Кина само ако имате вистински концепт, ако имате барем малку пари за старт, и секако интересна технологија. Лесно е да се основа сопствена компанија, процедурата не е многу поразлична од онаа како и во европските земји, посебно што во почетокот не мора да имате старт-ап капитал. Профитот е целосно ваш, а кинеската влада секако се грижи сите даноци да бидат подмирени. Во моментов имам 25 вработени, а во производствениот процес имам уште една група луѓе кои се специјализирани во роботската технологија. Дизајнерскиот концепт на целиот сет на опрема навистина ја користи техниката и технологијата на баристата за да направи шолја висококвалитетно кафе на лице место, строго го следи процесот на производство на кафе и го обезбедува чистиот вкус на секоја шолја кафе, со гордост потенцира мојот соговорник.

Но, Екард Госел не е само мажински инженер и бизнисмен кој во Кина има две компании. Тој е многу повеќе од тоа. Во текот на 20-те години живеење во Нингбо тој предавал германски јазик на Универзитетот Нингбо, организирал собири, готвел, вежбал таи чи, садел цвеќиња и растенија...Сопственото искуство во ова земја го преточува во неговата книга „Ningbo Chronicles“.

-Во оваа книга го рефлектирам сето она што Кина го всади во мене. Има и посебен дел за самиот град, што тој всушност претставувал во минатото, заради што и луѓето велат дека не би постоел Хонг Конг ако не бил Нингбо. Не би откривал повеќе, би бил среќен луѓето да ја прочитаат книгата, нагласува Госел.

Вели дека не оди многу често во неговата родна Германија, а кога тоа се случува, главно е поради саеми и бизнис.

-Во Германија ја имам само мајка ми. Таа има 98 години и со неа имаме редовни телефонски разговори. Кога еднаш ја прашав, дали ти недостигам, таа ми рече „ти си имаш свој живот таму, си имаме телефони, тоа е доволно“. Последен пат во Германија бев пред пандемијата на корона вирусот. Можам да кажам дека развојот е многу забавен. Бев во мојот роден град, Фрајбург и тоа што видов е дека всушност ништо реално не се променило. Секако дека сум во тек со сите информации. Во Германија се жалат на пример дека се затвораат ресторани поради тоа што нема персонал, нема работници во кујните, јас можам само да речам дека токму кујните можат а бидат современи со напредни технологии и роботи. Можеби банките во Германија во моментов не се подготвени да даваат кредити за вакво нешто. Кога би побарале 100-150 илјади евра за тоа, би можеле да речат: „за роботи“? Затоа го ценам мојот живот во Нингбо и кога се враќам тука имам чувство дека доаѓам во иднината.

Од Пекинг, Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно