26 Април, 2024
1.5071

Како ќе излечат лузните врз достоинството на наставниците?

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Инцидентот во скопско Батинци во кој наставничка од основното училиште “Алија Авдовиќ” беше физички нападната  од страна на дедо на ученичка,  отвори серија сериозни прашања за тоа колку една благородна и хумана работа- учителствувањето може да биде потенцијална опасност и ризик. Професорката Елизабета Секирарска која долги години  е во секторот просвета  за Фактор вели дека ако се тргне од фактот дека да учителствуваш значи да креираш ум, поглед на свет и освен на лекции, детето да го научиш да биде Човек, тогаш е неприкосновен и фактот дека како учители се соочуваат  со убавината на таквите предизвици и обврските кои ги носат  на плеќите, но и со ризиците од, со време, се повеќе нарушениот углед заради што  наставниците станаа  толку лесна мета, што вели  станува неподносливо.

Во воспитно-образовниот процес според неа не смее да се  дозволи  комплетно занемарување на важноста на  фелата. Предолгото  експериментирање  не обезбедија квалитет туку креираа атмосфера во која  наставниците почнаа да забораваат зошто стојат  пред учениците. Таа преку силата на зборот настанот го опишува накусо низ една кратка тажна пиеса за која вели дека ги покажува слабостите на системот, личноста, институциите.

Локација: Со оглед на состојбите во македонското образование, може да биде било каде. Се случува во с. Батинци

Актери: Ученици, наставничка, дедо.

Време:  Се дефинира како Погрешно. Средно има Недозволиво.

Сценарио: За здрав, стабилен и професионален образовен систем, Непојмливо. За нашиот,  за жал, Возможен, Реален и Болен.

Ученици губат час. Наставничка од другата училница, во обид да ги смири затоа што нивниот џагор пречи.  Не знам каков бил пристапот, но бидејќи работам со деца, знам каков може да биде џагорот, а сакам да верувам дека наставничката го одмерила начинот на реакција. Во приказната нешто подоцна се вплеткува и налутен дедо на ученичка, со пристап и реакција кои кажуваат многу нешта, посочуваат долгогодишни отворени воспитно-образовни рани и можат да одговорат на многу прашања, ако се сака да се чуе вистината и да се посочи вината. На вистинската локација. Приказната добива мачен расплет во болница, каде натепаната наставничка се обидува да го санира своето достоинство, заедно со модринките од шамарите на налутениот дедо.

Што се случува, всушност? Неколку прашања испливуваат на површина благодарејќи на оваа тажна пиеса:

На што сме изложени како наставници? Кој се е инволвиран, а стои на сцената и зад завесите, додека се одвиваат ваквите сценарија?  Сведочиме за жал, на различни форми на однесување на учениците, на родителите, на надлежните, но и на нас -  кон нас и кон она што сме ние самите како професионалци, исправени пред предизвиците на она што во немоќ го нарекуваме Ново време:

*од нашите деца - неучење, недисциплина, неприфаќање на нашиот напор  да им се укаже на потребата да учат за да Знаат. Да почитуваат за да заслужат почитување. И не се виновни. Предолго се уверуваа во спротивното. Предолго имаат  модели на поведенија од кои учеа што е ин и зошто она другото не е.

*од родителите – непочитување, одбрана на постапките на децата и тогаш кога не се за бранење. И не се виновни. И тие предолго се борат со животот во чудни формати и забораваат дека домашното воспитување е императив за нивните деца, кои ќе го носат како свој светоглед цел живот и ќе го вложуваат во животите на своите деца.

*од надлежните -  комплетно занемарување на нашата важност како фела. Како столб на кој треба да почива држава со сите нишани. Предолго експериментирање и импровизации завиткани во светликави зафати кои требаше да обезбедат квалитет. Не обезбедија. Напротив. И виновни се. Предолго креираа атмосфера во која заборавивме зошто стоиме пред учениците. Во која се престоривме од немоќни дувачи во пепелта која некогаш беше професионален жар. Атмосфера во која секој кој наоѓаше за потребно и оправдано да не нападне, можеше тоа сосема комотно да го стори.

*од нас самите – целосно деградирање на она што сме во формат на автодеструкција. И виновни сме, затоа што предолго го одмолчувавме просторот за отстрел во различни облици и дозволувавме генерации да ни поминат низ училниците, а да не оставиме трага по која бевме  препознатливи низ воспитно-образовните децении зад нас.

Што можеме да очекуваме по спуштањето на завесата?

Дали веќе еднаш ќе се лоцира вината за веќе и отворените напади на кои сме изложени? Како се случи да заслужиме толкав презир, непочитување и  слобода на вербални напади кои така лесно и без проблем прераснуваат во физички? Што можеме да очекуваме од децата, ако по дома  имаат модели од кои учат дека да не почитуваш авторитет кај оној од кого треба да учиш, значи дека можеш и да го натепаш?

Тешки се овие прашања, вели професорката Секирарска. Тежат и нивните одговори. Многу нешта според неа се длабоко етаблирани како нормални аспекти на однесување и ако некогаш служеа за осуда, сега се распространети како ововременски тренди  модели, многу полесно прифатливи и оправдливи.

“Затоа што младоста учи и гледа. Затоа што ако многу поретко може да види исправност, ќе прифати дека неисправноста е она во кое треба да се облече. Личноста која ја добиваме во таков контекст, не по нејзина вина, сепак  не е едноставна и треба многу енергија, сила, љубов и посветеност за да му го смениме хоризонтот кој го гледа. Не се предаваме, секако. И по цена на ваквите тажни приказни кои болат, навредуваат и за кои сите заедно носиме одговорност. Ќе завршам со тоа што на колешката ќе и посакам побрзо закрепнување. Крената глава. Гард во срцето и умот. Заради децата на кои им е потребна”-потенцира професорката Елизабета Секирарска.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски за малиот број гласови на Стевчо

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски за малиот број гласови на Стевчо