17 Мај, 2024
0.0294

Како лани се калеше челикот на „Макстил“?

Објавено во: Економија 09 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Со оптимизација на трошоците и покрај падот на нарачките и намаленото производство „Макстил“ лани ја зголеми добивката за 5 пати. Потенцијалниот принос по акција е 10 отсто од последната пазарна цена. „Макстил“ лани ги намалил финансиските расходи за 32 отсто, а обврските му се пониски за 9,4 милиони евра

Македонската челичарница „Макстил“ лани имаше тешка година во која се соочи со намалување на производство заради намалената глобална побарувачка за челични производи, покажуваат официјалните финансиски податоци на ова големо друштво кое лани остварило извоз на челични производи во вредност од 51,7 милиони евра.

Но и покрај глобалниот пад на нарачките предизвикани од бројните интернационални ограничувања и неизвесности кои ги предизвика здравствената пандемија „Макстил“ лани успеал со оптимизација на трошоците да ја зголеми добивката за 5 пати во споредба со 2019 година.

Приходите од продажба на „Макстил“ лани изнесувале 64,3 милиони евра и тоа е една четвртина (т.е. 25 отсто) помалку од претходната година. Извозот е позначајната ставка во структурата на приходи и лани од продажба на челични продукти изнесува 51,7 милиони евра. Во споредба со 2019 година извозот на „Макстил“ е помал за 26 отсто. Продажбата дома исто така бележи пад во споредба со претходната година и тоа е за 19 отсто помалку. Износот на продажбата дома е 12,5 милиони евра. Залихите на друштвото на крај на минаата година се 12,3 милиони евра, а останатите приходи изнесуваат 1,1 милиони евра.

Оперативните расходи ги следат приходите на компанија па заради намаленара глобална побарувачка се пониски од 2019 година за 38 отсто. Лани тие изнесуваат 57,2 милиони евра. Најголемата расходната ставка се трошоците за суровини и други материјали и тие изнесуваат 34,5 милиони евра што е за 49 отсто односно речиси половина помалку од 2019 година. За разлика од оваа ставка лани растат трошоците за вработените и тоа за 15 отсто до износ од 10,5 милиони евра.

Оперативната добивка на друштвото лани изнесува 1,86 милиони евра и тоа е за 50 отсто подобар резултат од претходната година.
Заради диспаритетот меѓу финансиските приходи и финансиските расходи компанијата има пониска добивка од работење. Но тука е значајно за истакнување тоа што „Макстил“ лани успеал да ги намали финансиските расходи додека ги зголемил финансиските приходи. Во 2019 година финансиските расходи биле поголеми од финансиските приходи за 919.000 евра, а лани таа разлика е значајно пониска и изнесува 373.000 евра. Изразено во проценти „Макстил лани успеал да ги зголеми финансиските приходи за 20 отсто, а финансиските расходи да ги намали за 32 отсто.

Нето добивката на друштвото лани изнесува 1,34 милиони евра што е речиси 6 денари по акција или потенцијален принос од 10 отсто на последната пазарна цена на таа акција.

Многу значајна вест за акционерите е тоа што „Макстил“ лани успеал да ги намали своите обврски за 9,43 милиони евра и тие на крај на 2020 година изнесуваат 78 милиони евра што е за 11 отсто помалку од крајот на 2019 година. 

Лани „Макстил“ ја обезбедил и А интегрираната еколошка дозвола од Министерството за животна средина што значајно ќе ја подобри неговата пазарна позиција. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци