19 Мај, 2024
0.0259

Како „Македонијатурист“ ќе извади ќар од корона вирусот?

Објавено во: Економија 16 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Во услови на пандемија на корона и вонредна состојба, хотелиерско – угостителската индустрија е прва на удар. Оваа суспензија на хотелиерите и оди на рака на „Македонијатурист“ колку и тоа чудно да звучи. Додека други зборуваат и бројат загуби, Доне Таневски и неговиот тим ситуацијата ќе ја искористат да го реновираат комплетно највредниот дијамант во својата круна „Холидеј Ин Супериор“ во што ќе вложат до 5 милиони евра!

„Македонијатурист“, најголемата домашна хотелиерско – угостителска компанија, годинава планира да вложи 5 милиони евра во комплетно реновирање на својот најпознат и најдобар хотел „Холидеј Инн Супериор“. Ова е дел од планот за 2020 година кој пак е дел од документите кои беа одобрени од собранието на акционери на „Македонијатурист“ што се одржа вчера.

„Македонијатурист“ е скопска хотелиерско-угостителска компанија која управува со пет хотели кои работат во скопскиот регион и тие се: „Холидеј Инн“ и „Бест Вестерн Хотел Турист“ (двата во центарот на Скопје), Хотел „Карпош“, Хотел „Белви“ со својата прочуена летна тераса популарна за свадбени свечености и Хотел „Водно“. „Холидеј Ин“ е најлуксузниот и најугледниот хотел на компанијата и единствен што има категоризација од 5 ѕвездички.

За дел од фелата овој потег на компанијата со која долги години наназад раководи Доне Таневски е очекуван и генерално потегот е предизвикан од конкуренцијата која ја наметна соседниот „Мериот“ кој работи веќе две години и е главен конкурент на „Холидеј Инн“ кој претходно низа години беше најлуксузниот хотел во центарот на главниот град. „Мериот“ (т.е. македонската хотелска компанија Хотел Гранд М н.з.) во 2018 година оствари приход од 6,9 милиони евра што е за 1,6 милиони евра повеќе од „Македонијатурист“.

За некои од хотелскиот бизнис периодот за комплетно реновирање доаѓа како нарачан особено заради тоа што сега со пандемијата на COVID 19 активностите на хотелиерите и угостителите се суспендирани. Заради тоа и е вистински момент за комплетно реновирање во услови кога и конкуренцијата не работи и неработењето не носи загуба.

Речиси без исклучок сите финансиски аналитичари се согласни дека за „Македонијатурист“ финансиската конструкција за реновирањето не е прашање. Заради тоа што компанијата располага со дваесетина милиони евра кои ги чува во депозити или во хартии од вредност. И целиот зафат може да го реши со самофинансирање.

Последното мега реновирање овој хотел го доживеа пред повеќе од 15 години кога и „Македонијатурист“ го доби брендот на „Холидеј Ин“.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа