26 Април, 2024
0.0278

Како Макпетрол ги зголеми приходите за 17,8 милиони евра?

Објавено во: Економија 04 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Макпетрол за само шест месеци од годинава бележи подобрени финансиски резултати со раст на приходите од неверојатни 17,8 милиони евра. Главната причина за големиот раст се должи пред се на растот на цените на нафтените деривати, но и на поголемата продажба на производи на Макпетрол како на домашниот така и на странскиот пазар каде учеството во вкупните приходи иако не зазема драстичен процент сепак, бележи позитивен раст од 1,4 милиони евра.

- Во овој период МАКПЕТРОЛ АД Скопје оствари вкупен приход во износ од 8,58 милијарди денари кој е поголем од минатогодишниот за 1,1 милијарди денари. Ваквото зголемување на приходите се должи на ефектот од зголемувањето на цените на дериватите во однос на истиот период од минатата година како и на зголемените набавки на деривати со вклучена акциза. Во истиот период остварени се вкупни расходи во висина од 8,46 милијарди денари што преставува зголемување во однос на минатата година за 1,1 милијарди денари или 15 и.п. во што повторно најголем удел има зголемувањето на цените на дериватите и набавките со вклучена акциза во овој период, стои во образложението кое Макпетрол го објави на Македонска берза покрај финансискиот извештај за првата половина од годинава.

Како што може да забележите Макпетрол во првото полугодие од годинава има вкупни приходи од 138,4 милиони евра или за 17,8 милиони евра повеќе во однос на истиот период лани. Макпетрол за првите шест месеци од 2017 исто така доста и трошел, пред се на набавка на трговски стоки кои се зголемени за околу 18 милиони евра. Трошоците за плати за вработените се речиси идентични како и лани и за нијанса се зголемени, па вкупно изнесуваат 7,2 милиони евра.

Макпетрол ги намалил и расходите за камати за околу 40%, а за околу 2,8 милиони евра е намалена и кредитната задолженост. Крајната добивка на Макпетрол изнесува 1,8 милиони евра со што за нијанса е подобрена профитната стапка во однос на истиот период во 2016 година.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите