18 Мај, 2024
0.0259

Како најдобро да ги заштитиме податоците во своите мобилни телефони?

Објавено во: Стил 08 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Ги енкриптирате ли податоците кои ги чувате во вашиот смартфон? Ако не, добро е да знаете дека на овој начин ја ризикувате својата безбедност, ако телефонот ви биде украден или го изгубите.

Енкрипција е исклучително лесен процес. Ви треба само соодветен софтвер, кој обично се дава во оперативниот систем или од производителот на уредот.

Видете ги информациите на Make Use Of за тоа како да ги заштитите податоците кои ги чувате во вашата графичка контрола.

Заклучување на екранот

- За Android

Отворете Settings> Security> Screen security. Изберете 'Screen lock', сега може да изберете од опциите 'Swipe', 'Pattern', 'PIN' и 'Password access'. Направете го вашиот избор според претпочитаните преференци.

- За Windows Phone

Одете во Settings> Lock screen> Password и префрлете ја опцијата на 'On'. Ќе биде побарано да изберете лозинка.

- За iOS

Отворете Settings> Passcode и изберете 'Turn passcode on'. Потоа можете да ги користите новите опции за задавање на долга или кратка лозинка.

Заклучување на SIM картичката

Можете исто така да внесете дополнителен слој на безбедност преку заклучување на вашата SIM картичката. Овој метод не го заклучува остатокот на телефонот.

- За Android

Одете во Settings> Security> SIM card lock и изберете 'Set up SIM card lock'. На следниот екран префрлете ја опцијата Lock SIM card на 'On'. Внесете код на SIM картичката.

- За iOS

Одете во Settings> Phone> SIM PIN (или Settings> Cellular Data> SIM PIN за iPad) и внесете го вашиот SIM PIN код, за да потврдите.

- Windows Phone

Отворете Settings> Applications> Phone за да го активирате 'SIM security'. Кога ќе ви биде предочено да го внесете PIN кодот, направете го тоа во согласност со упатствата на Вашиот обезбедувач на мрежни услуги.

Енкрипција на податоците

- За Android

За да ги енкриптирате податоците на вашиот Android уред, треба претходно да имате креирано PIN како погоре што ви покажавме. Освен тоа ќе треба да го поврзете телефонот кон полначот, бидејќи процесот на енкрипција ја користи батеријата интензивно. Потоа одете во Settings> Security> Encryption> Encrypt Phone. Прочитајте го внимателно предупредувањето и објаснувањето што ќе се отвори и кога сте готови, кликнете 'Encrypt phone'. Во текот на процесот на енкрипција, нема да можете да го користите вашиот телефон, бидејќи тој ќе биде 'посветен' на оваа задача, па нема да бидете во можност да остварувате повици, да стартувате апликации, да проверувате мејл и така натаму. Откако процесот ќезаврши, телефонот треба да ви работи нормално.

- За iOS

Тука работите се многу едноставни. Штом сте поставиле лозинка / ПИН код на Вашиот уред (види погоре), податоците во вашиот iPhone или iPad се кодираат автоматски.

- За Windows Phone

Корисниците на Windows Phone не можат да енкриптираaт податоци кои се чуваат на смартфоните, но тоа ќе се промени со Windows Mobile 10.