27 Април, 2024
0.0275

Како најлесно до целосна здравствена заштита за нас и целото семејство?

Објавено во: Мои пари 10 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Свесни сме дека спокојноста и мирот во секојдневното живеење се бесценети и се единствено вистински нарушени доколку настанат здравствени проблеми во семејството.

Сведоци сме на секојдневни апели и барања за финансиска помош упатени до широката јавност за спас на нечиј живот и во тие личности не ретко препознаваме свој пријатели и стануваме свесни за последиците од современото турбулентно живеење. Гледаме одблиску како спокојството на некое среќно семејство се губи во борбата за оздравување која честопати е долготрајна, исцрпувачка емотивно и финансиски. Тоа е само причина плус, себеси да си приуштите приватно здравствено осигурување.

Светските пракси покажуват дека луѓето се потпираат на осигурителните компании и си овозможуваат квалитетно и современо лекување со полиса за приватно здравствено осигурување.

Следејќи ги светските трендови, развојот на пазарот и секако потребите на клиентите, Еуролинк Осигурување за прв пат во нашата држава го промовира СЕМЕЈНОТО ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ, својот најнов осигурителен продукт.

Самото име кажува дека станува збор за осигурување кое што е наменето за целото семејство и  покрива голем број на приватни здравствени услуги,  прегледи, операции, специјалистички постапки и лечење на тешки и малигни заболувања на секој член од семејството.

Полисата на Еуролинк овозможува лечење во најмодерните приватни здравствени установи кај нас и во Европа, меѓу кои се Систина, Ремедика,Филип Втори и Неуромедика. Она што е важно е тоа што за било кој преглед или пак здравствена услуга не се чека ред и не е потребно  претходно закажување на термини. Семејното здравствено осигурување ги покрива трошоците при хоспитализирање како сместување во болничка соба, специјалистички и дијагностички постапки, вклучително и патологија, Х-зраци, КТ-скен, MRI-скеновите PET-скенови, хируршка операција, болнички материјали, лекови и завои пропишани од страна на лекар, ангажиран болнички персонал, хирург, специјалист, анестезиолог, користење интензивна нега, користење на операциона сала и импланти.

Приватното семејното здравствено осигурување опфаќа три пакети на осигурување:

-  Основен пакет кој чини 1800 денари месечно со кое се покриваат трошоци за лекување на малигни заболувања,

-  Комфорт пакет кој чини 2000 денари месечнo и кој освен широката палета и лекување на малигни заболувања, вклучува болничко лекување, превоз со санитетско возило и превентивни прегледи.

-  Премиум пакет кој што чини 3350 денари месечно кој освен што ги вклучува сите набројани ставки од првите два пакета, нуди и амбулантно лекување.

За жал, најголемиот страв поради кој луѓето во светот се одлучуваат да купат приватно здравствено осигурување се малигните заболувања и токму поради тоа, Еуролинк во сите пакети вклучува  лечење на малигни заболувања со најсовремени лекови кои се достапни во моментот на лекувањето како и лекови и процедури кои допрва ќе се имплементираат во светот. 

Националните стратегии за унапредување на здравјето ги истакнуваат здравата исхрана, редовната физичка активност и превенцијата како клучни  фактори кои не одржуваат здрави, витални и активни.

За таа цел, со полисата за приватно здравствено осигурување се покриваат и превентивни прегледи кои луѓето може да ги користат без претходно индицирана состојба и по своја желба кога сакаат да посетат гинеколог, стоматолог, офталмолог или да направат лабораториски преглед.

Повеќе информации за Семејно Здравствено Осигурување дознајте на http://www.eurolink.com.mk/page_cat_sub.asp?mID=1&cID=8&ID=74

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“