04 Мај, 2024
0.0241

КАКО НЕ ЗНАЕВТЕ ДЕКА 29 СТРУМИЧКИ ФИРМИ СО ГОДИНИ НЕ ВРАЌАЛЕ КРЕДИТИ - Милошоски до гувернерката Бежоска, почна надзорната расправа

Објавено во: Финансии 13 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Дали знаевте дека 29 струмички фирми кои имале кредити во Еуростандард банка, од кои едната е Сараинжинеринг, на Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев, и други, дека со години не ги плаќале кредитите земени од банката. Веќе од 22 мај Народна банка имала секојдневен надзор на банката, и дали сте знаеле дека овие 29 струмички фирми, со невраќање на кредитите, ќариле 13 милиони евра. Зошто тоа сте го дозволиле и дали сте биле навреме информирани, праша Милошоски.

Ова е едно од прашањата кои на гувернерката Анита Бежоска Ангеловска и ги постави Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на стартот на надозрната расправа за пропаста на Еуростандард банка. 

Димитар Апасиев, пратеник од Левица, праша дека со оглед што со член 107 гувернерот е должен да го извести министерот за финансии, кога гувернерката за банката ја известила тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска за инсолвентноста на банката. Апасиев праша и зошто ако НБМ ги исцрпела сите мерки, зошто не вовела како една од мерките администрација врз банката, а се интересираше и дали е точно дека од 2017 година Советот на НБМ донел одлука дека банките не мора да даваат изјави за нето должници. 

Пратеникот Елми Азири праша дали одлуката за одземање на дозволата на банката е направена прерано или предоцна и дали биле искористени сите инструменти што и стојат на располагање на Народна банка. 

Претходно гувернерката Бежоска, во своето воведно излагање, кажа дека одземањето дозвола за работа на една банка е една од најтешките одлуки за секоја централна банка, дека НБМ пред да ја донесе оваа мерка ги исцрпела сите можности, а дека инвеститорот не понудил доволно капитал за докапитализација на банката, која била несолвентна. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите