02 Мај, 2024
0.6727

КАКО НЛБ БАНКА ОСТВАРИ ПРОФИТ ОД НАД 33 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДЕВЕТ МЕСЕЦИ - еве кои се деталите од Билансот на успех

Објавено во: Финансии 28 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

НЛБ Банка во првите девет месеци од годинава оствари нето добивка од 33,2 милиони евра, остварувајќи раст на профитот од 21 отсто во однос на истиот период лани.

Од банката велат дека зголемувањето се должи на континуирани продажни активности на кредитните продукти, со особен фокус кај домаќинствата, микро, малите и средни претпријатија и зголемен број на корисници на платните сервиси на банката.

Што говори билансот на успех на банката?

Нето каматните приходи на банката, заклучно со 30 септември годинава, биле на ниво од 37,8 милиони евра, што е пораст за 4,7 отсто споредено со претходната година. Од образложението може да се види дека банката ги зголемила приходите за камати главно од фирмите и домаќинствата, додека расходите за камати се намалиле, бидејќи се зголемиле депозитите по видување за кои банките даваат пониски каматни стапки.

„Приходите од камати се повисоки за 3,1 отсто, главно поради повисоки каматни приходи од секторите нефинансиски правни лица и домаќинства додека расходите за камати се пониски за 10,7 отсто, главно поради пониски каматни стапки и преструктурирање на изворите во корист на депозити по видување и тековни сметки при пораст на каматните расходи по основ на субординирани обврски“, се вели во образложението.

Од провизии и надоместоци банката остварила нето приходи од 15 милиони евра. Приходите од провизии, како што објаснуваат од банката, се зголемени за 11,5 отсто, како резултат на зголемени приходи од реализирани трансакии на ПОС терминали и картично порамнување, повисоки приходи од услуги во платен промет во земјата и странство и повисоки приходи од водење трансакциски сметки. Расходите за провизии се зголемени за 21,1 отсто, главно поради повисоки расходи од картично работење кон меѓународните картични системи, а во помала мера поради зголемување на расходите од кеш центарот и услугите во платен промет со странство.

Останатите некаматни приходи изнесуваат 8,9 милиони евра, и се намалени во однос на претходната година, главно поради пониски наплати на претходно отпишани побарувања кај нефинансиски правни лица.

Или, како што објаснуваат банката, вкупните приходи од работење изнесуваат 61,7 милиони евра и се пониски за 3,4 отсто во однос на претходната година.

Кога станува збор за расходната страна, вкупните оперативни трошоци биле на ниво од 27,6 милиони евра, што е раст за девет отсто, при што трошоците за вработени се повисоки за 7,6 отсто, трошоците за амортизација се повисоки за 16,9 отсто, а останатите расходи од дејност се повисоки за 8,5 отсто, во однос на претходната година.

„Заклучно со 30 септември се ослободени исправки на вредноста на финансиските средства и вонбилансна изложеност, на нето основа во износ од 2,2 милиони евра, соодветно на подобрената структура, наплата и квалитет на кредитната изложеност“, објаснуваат од банката.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот