26 Април, 2024
0.0978

КАКО ПОЧНА 2017: Нафтата поскапува, девизните резерви се стопија!

Објавено во: Економија 10 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Само за еден месец, или на крајот на јануари годинава, во споредба со декември, 2016 година, вкупните девизни резерви се намалија за повеќе од 56 милиони евра. Народната банка го потврди овој тренд со образложение дека тој е резултат на намалување по неколку основи.

“На 31.1.2017 година, состојбата на бруто девизните резерви изнесуваше 2.557,1 милион евра, што претставува пад од 56,3 милиони евра во однос на нивото од крајот на 2016 година. Намалувањето кај девизните резерви произлегува пред сè од промените во категоријата „останато“ и е од привремен карактер. Дополнително, за пад на девизните резерви придонесоа и намалувањето на девизните депозити на домашните банки кај НБРМ, трансакциите за сметка на државата и негативните ценовни промени на хартиите од вредност“ – наведуваат од НБМ.

Според најновите објавени податоци, заклучно со февруари, вредноста на вкупните државни резерви изнесува 2 милијарди 563 милиони евра, што во однос на јануари е раст за околу 6 милиони евра.

Вредноста на монетарното злато на крајот на вториот месец изнесуваше 261 500.000 евра, што е за 12,1 милиони евра повеќе во споредба со јануари годинава.

Цената на нафтата вртоглаво ќе расте?

Намаленото производство на нафта на светско ниво ќе донесе ценовно цунами. Така, оваа одлука на клучните играчи – проиведувачи на деривати навестува раст на цените на светските берзи, според кои и Македнија ги утврдува малопродажните цени на горивата. 

“Во 2017 година е извршена значителна нагорна ревизија на цената на нафтата  и сегашните очекувања се дека растот ќе биде повеќе од двојно повисок од октомвриската проекција  и тоа како резултат на договорот помеѓу земјите-членки на ОПЕК и дел од земјите надвор од ОПЕК за намалување на глобалното производство на нафта со цел да се придонесе за нагорно придвижување на цените“ – велат од НБМ.

Од друга страна, во услови на повисоко ценовно ниво во 2017 година, за 2018 година Народната банка предвидува  мал пад на цената на нафтата на светските берзи, наспроти растот очекуван во октомври.

Оваа 2017 година за металската индустрија може да донесе подобри денови. Имено, кај цените на металите не се очекуваат позначителни коррекции, но се очекува голем раст на цената на банакрот.

“Така, за 2017 година, се предвидува дека цената на бакарот ќе забележи двоцифрен раст, што е различно од умерениот раст очекуван во октомври. Во најголема мера како резултат на падот на глобалните залихи на бакар, можните прекини во снабдувачките капацитети и очекувањата за повисока побарувачка во САД и Кина' – се нотира во новиот извештај на НБМ. 

Д.Д

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија