06 Мај, 2024
0.0312

Како Русите ќе ги населуваат Курилските острови?

Објавено во: Стил 13 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Со цел да го решат проблемот со недоволно населени подрачја на Далечниот Исток, Русите планираат да понудат многу олеснувања за купување на куќи.

Се работи за недвижнини на Курилските острови, а луѓето ќе имаат избор, дали ќе градат куќа или ќе купат стан.

За градење на куќа властите ќе обезбедат бесплатен плац.

На овие острови има 363 станбени згради, а од нив 44 веќе се опремени за живеење.

Но, и покрај тоа властите планираат да извојат 17 милиони долари за градење на 9000 метри квадратни станбен простор. Тоа е двојно повеќе од она што е изградено лани.

На Русите им дозволува законот право на еден слободен хектар површина.

Оние кои ќе се решат ќе добијат бесплатно земјиште за пет години, а ако направат нешто што е забрането со закон ќе им биде одземено.  Странци нема да можат да добијат земја.

Многумина ја критикуваа оваа одлука и ја нарекоа дека е популистичка.