Како САД планира да врати 2.4 трилиони долари од странство
Објавено во: Финансии 24 Октомври, 2016
Даночните власти на САД планираат да воведат уште еден „даночен“ празник, односно ден во кој сите компании кои заработуваат во странство, а парите не ги пријавуваат дома ќе имаат можност легално повторно да ги инвестираат на американско тло.
Според последните проценти во индексот на 500-те најуспешни американски компании речиси половина имаат меѓународни удели и странски активности и профит од околу 2.4 трилиони долари кои може да се врат назад.
Ова е секако популистичка мерка, а не реална мерка која ќе обезбеди долгорочно инвестирање на меѓународните корпорации. Исто така финансиските критичари се против бидејќи најчесто бизнисмените го користат даночниот празник за откупување на акциски удели назад во своите компании од што бенефит имаат само тие и целата постпка е „легална“.