03 Мај, 2024
0.0255

Како се трошат јавните пари: Ќе се формира фискален совет

Објавено во: Финансии 04 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Поставување на фискални правила и воспоставување на Фискален совет - во насока на поголема контрола, среднорочно буџетирање и воспоставување на интегриран систем за управување со јавни финансии-во насока на подобро планирање, креирање на регистар на јавни субјекти и зголемување на транспарентноста се дел од одредбите од новиот Предлог-закон за буџети. Денека на јавната расправа која се одржа во Министерството за финансии, на која учествуваше министерот за финансии Фатмир Бесими, преставници на Светска банка, ММФ и Европската комисија, како и претставници на експертската јавност, на стопанските комори и на невладините организации, беше дискутиран овој нов закон и предлозите кои биле доставени на ЕНЕР и имплементирани во законот.

Министерот за финансии посочи дека новиот Закон за буџети се вклопува во концептот СМАРТ финансии, односно истиот е со цел да обезбеди рамка за водење здрава, предвидлива и одржлива фискална политика како и зголемување на буџетската дисциплина и одговорност. 

Бесими посочи дека во предлог буџетот се имплементираат фискални правила - лимити на јавниот долг и на дефицитот со кои ќе се зајакне контролата и управувањето со јавните финансии.

Во однос на Фискалниот совет, министерот посочи дека се предвидува решение за Независно тело од 3 члена предложени од МАНУ, Државен завод за ревизија и Народна банка, а кои ќе бидат избрани од страна на Собранието. Членовите на ова тело ќе бидат експерти од областа на јавните финансии, макроекономија или економија.

Со новиот закон за првпат се воспоставува Регистар на јавни субјекти, кој ќе биде јавно достапен и во него ќе бидат евидентирани сите правни субјекти основани директно или индиректно од страна на државата или на општините. На тој начин ќе се обезбеди сеопфатност и транспарентност за сите јавни субјекти независно дали се на централно или на локално ниво.

Со Законот се оди и чекор понатаму од аспект на дигитализација на јавните финансии, односно воведување на Интегриран систем за управување со јавни финансии ИФМИС, преку кој ќе се подобри контролата на извршување на приходите и расходите од нивно планирање до конечна реализација.

Министерот за финансии посочи дека со зајакнување на управувањето со јавните финансии преку еден нов стратешки пристап се цели кон забрзување на економскиот раст од 2-2,5% колку што беше во последната деценија на 4-5% просечен годишен раст во следните пет години, а притоа да се постигнеме и фискална консолидација за да обезбедиме одржлив и инклузивен раст.


Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата