03 Мај, 2024
0.0251

Како сиромашното кинеско девојче, стана најбогатата жена на светот?!

Објавено во: Стил, Финансии 07 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Wealth X неодамна објави листа со 15 најбогати жени кои сами стекнало богатсво, а кои заедно имаат повеќе милијарди од БДП на Хондурас, Камбоџа и Ирска вкупно. Тие петнаесет стекнале заедно 53 милијарди долари. Покрај Џулијана Бенетон, Италијанката зад која стои познат бренд (заработила 2,7 милијарди долари) и медиумската икона Опра Винфри (2,8 милијарди долари), со листата доминира една кинескиња. Се работи за Зоу Кунфеи , која има 46 години, и успеала да заработи 6 милијарди долари. Интересно е што пораснала во сиромаштија, во едно село во провинцијата Хунан. На 16 години се вработила во фабрика од соништата, под тешки услови-работела исцрпувачки долги смени. [embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/liputan6dotcom/status/709156110956105728?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed] Кога заштедила 3000 долари, веднаш до фабриката во која работела, отворила работилница за изработка на стаклени поклопувачи за часовници во 1993 година. Меѓутоа, ништо немаше да биде од нејзината империја, ако во 2003 година Моторола од неа не побарала пластичните екрани, кои ги користеле за своите мобилни телефони, да ги замени со цврсти, стаклени. Потоа се случил вистински бум-и Епл и побарал да изработи „тач скрин екрани“ за првиот ајфон во 2007 година. „Lens Technology“, фирмата која ја води, сега за најважни клиенти ги има Самсунг и Епл, и вреди 7 милијарди долари. Сепак, таа ни денес не се срами да се симне во фабриката, и сама да ја испроба новата опрема.