26 Април, 2024
0.0260

Како Стив Џобс и Епл ја претворија технологијата во религија

Објавено во: Стил 05 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Неколку децении по основањето на Епл, созреавме секојдневно користејќи го терминот „култни“ за вљубените во производите на оваа компанија. Посветеноста на потрошувачите кон производите на Епл, одамна предизвикува љубомора кај конкуренцијата заради оваа френетична страст.

Излегува дека религиозниот интензитет со кој луѓето се поврзуваат со компанијата не е случајно. Во својата нова книга „Еплтопија“, авторот Брет Робинсон ги истражува начините на кои Стив Џобс цртал по религиозните метафори и иконографијата, за да ја воздигне специфичноста на неговите производи, а технологијата уште повеќе, во еден вид на религија.

„Креативната реторика околу технологиите на Епл, создаде религиозни метафори“, рече Робинсон во интервју. „Дел од тоа свесно се однесува на постоењето на Епл. Дел е несвесно“.

Робинсон е вонреден професор по маркетинг во Мендоза колеџот за бизнис при Универзитетот Нотр Дам. Книгата произлезе од неговата докторска дистерација и од предавањата кои ги држел за религија, технологија и маркетинг.

Се знае дека Џобс беше посветен на источната духовност, вклучувајќи го и Зен Будизмот. Тој бараше сознанија и трансформативни искуства, патуваше насекаде, и земал ЛСД за да ја прошири својата свест.

Робинсон вели дека од самиот почеток на Епл, таквата духовност била дел од филозофијата на компанијата и начин на кој се промовирала меѓу луѓето кои до тогаш гледале само компјутери и бездушевни кутии, кои ги користеле големите корпорации за да прават бездушни пресметки.

Дел од иконографијата која Епл ја позајмил е помалку од суптилна. На пример, логото. Гризнатото јаболко упатува на Рајската градина и на Дрвото на знаењата.

Но во госпелот на Епл, знаењето не придонесува за ропство, туку напротив, овозможува момент на ослободување, пат за просветлување.

Робинсон вели дека просветлувањето е елемент од прочуената реклама на Епл наречена „1984“, за финалето на американскиот безјбол куп, супербоулот, во која атлетичарка фрла чекан со кој го крши ликот на Орвел на огромен екран.  Наместо силна експлозија, заспаните кои гледаат во него се осветлени со силна свелина, и се гледа како се будат и почнуваат да мрдаат.

Се разбира, генијалноста на Џобс беше тоа што отсекогаш знаел дека компјутерите и технологијата се наменети за луѓето. И токму она што овие гаџети можат да го прават и како можат да ги трансформираат нашите животи, односно нивните својства и спецификации, беше она убедливото за луѓето дека Мек може да овозможи трансцедентално доживување.

Робинсон се повикува на разговорот кој Џобс наводно го имал со маркетинг директорот Мајк Мареј, пред претставувањето на првиот мекинтош.

„Не се потпираме на шансата да промовираме карактеристики и бенефити со РАМ и со табели и споредби“, рекол Џобс. „Единствената шанса која ја имаме е да комуницираме со чувства“.

„Тоа мора да биде култен производ“, одговорил Мареј.

„Аха, ќе зборуваме дека е култен, а потоа ќе кажуваме: Еј, пијте Кулејд“, рекол Џобс.

Епл дури ангажирале и „евангелисти“ кои ја ширеле оваа идеја за своите производи помеѓу развивачите и потрошувачите. И подоцнежното враќање на Џобс во Епл ги подгреало религиозните алузии (на пример, Епл ќе „воскресне“, или „ќе се издигне од мртвите“).

Со претставувањето на ајпод, Епл ја започна својата серија на реклами со силуети на танчери кои толку диво играле, што понекогаш оставаат психоделични траги кои потсетуваат на трип со ЛСД. Робинсон вели дека рекламата наведува дека непознати танчери и оние кои слушаат ајпод можат да се внесат во „екстатична“ и „божествена“ состојба преку вистинската музика.

„Со вметнување на белите слушалки во ушите и поврзување со боговите на музиката, корисниците на ајпод учествуваат во мобилна, приватна и анонимна ритуална пракса“, пишува Робинсон.

Религиозните метафори можеби го достигнале својот врв со претставувањето на ајфон во 2007 година. Досега беше вообичаено користењето на религијата во дискусиите за Епл и Џобс, а еден блогер дури и ја опиша новата играчка како „Исус телефон“, дури и пред неговото пуштање во продажба.

Џобс играл на таа спиритуална нота со предрекламата и слоганот „Допирот е верување“. Се разбира, референцата е изјавата на апостолот Тома дека ќе мора да го види Исус воскреснат, пред да поверува дека Тој се вратил од мртвите.

Робинсон забележува дека прстот кој се појавува од темнината за да го допре телефонот, потсетува на сликата на Микеланџело во Систинската капела, на која Бог го пружа прстот за да го допре човекот.

„Ајфонот не е студена и безживотна машина, тоа е восхитувачки талисман кој оживува со допир“, пишува Робинсон.

Со текот на времето, Епл и Џобс можеа да продаваат врз основа на впечатокот дека нивните производи овозможуваат еден вид духовно доживување. Робинсон вели дека луѓето на тоа одговориле со навалување во продавниците на Епл, кои сега се претворија во храмови, и имаа воља да стојат во долги редици за да се соединат со блиски истоверници.

Со смртта на Џобс, прашањето сега е колку долго Епл ќе биде способен да ја задржи таа мистична врска со своите следбеници, вели Робинсон.

„Веќе се појави еден вид дисипација на страста кон овој бренд“, вели тој. „Тоа значи дека за десет години од денес, ние се уште ќе зборуваме за Стив Џобс. А токму тогаш ќе почне вистинското создавање на митот“.

извор: Миа

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти