05 Мај, 2024
0.0255

Како требаше да изгледа Југославија во 2000-тe

Објавено во: Свет, Стил 15 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

“Југославија 2000“ е темата која ги интересирала многумина пред 45 години. Прашања имало многу, но најмногу имало интерес за тоа како ќе изгледа светот, каква технологија ќе се користи, што се ќе им биде достапно на луѓето. На оваа тема опширно се елаборирало во 1969-та во весникот “Борба“, а темата ја начнал Стане Станичиќ, тогашен главен и одговорен уредник на весникот.

Многу од тогашните еминентни аналитичари ги дале своите предвидувања како ќе изгледа Југославија во 2000-та. Предвидоа трансплантација на органи, нови телекомуникациски технологии, нови медицински техники, но никој не предвиде распад.

IMG_1443789147„Визијата на животот кој не чека после три децении, а кој ќе го дочекаат две третини од денес живите Југословени не е занимлива само како збир на атрактивни претпоставки, податоци за животниот стандард за кој денес можеме само да сонуваме туку и како една многу сериозна опомена дека во секој сегмент од животот неопходно е долгорочно планирање без кое можат да се направат многу судбоносни промашувања“ пишува во текстот.

Американските футуролози светот во 2000-та година го гледаа поделен во шест групи: постиндустриски општества (60 до 200 долари по човек), во развој (200 до 600 долари по човек), зрели индустриски општества (600 до 1500 долари по човек), високо индустриски (1500 до 4000 долари по човек), рано постиндустриски (4000 до 16.000 долари по човек) и високо постиндустриски со над 16.000 долари по човек.

Според пресметките на економистот Милош Синџиќ, Југославија во 2000-та година треба да остварува приход од 2520 долари по човек и со тоа би била во групата на високо индустриски земји.

„Во тој случај ќе го достигнеме нивото на стандард кој го имаше Шведска во 1965-та, а денес е едно од највисоките во светот. Југославија во следните 30 години ќе има и 10 милиони жеители повеќе од денес - околу 30 милиони“ - смета Сандиќ.

Тие предвидоа и нови начини на комуницирање и нови материјали отпорни на високи температури.

„Жените ќе купуваат фустани за еден ден, за едно излегување, а конзервативните маќи ќе можат да го носат истото одело една деценија ако сакаат. Не е исклучено и дека до крајот на овој век ќе имаме директен пристап до човековата меморија, ќе можеме да ги зголемиме човековите интелектуални способности со непосредно поврзување на човековиот мозок со компјутер, се тоа проследено со видно подмладување или продолжување на човековиот живот до 150 години“.

Покрај тоа тие предвидуваа и вештачка интелигенција како и вештачко производство на органи за трансплантација.

Во 2000-та луѓето ќе можат да се раѓаат со помош на ефтини, практични и сигурни нови медицински техники, а ќе можат да го бираат и полот на своето дете благодарение на генетската контрола. Тие ја предвидоа и промената на полот кај возрасни.

„Човекот во иднина ќе работи во денес незамисливи услови. Ќе има повеќе светло. Кога ќе се уморат луѓето ќе можат да се забавуваат во сонот“ гласеше предвидувањето за програмирањето на соновите до 2000-та.

Abstract of biorhythms: woman's face and a clock „Автоматските стоковни куќи ќе не снабдуваат со синтетичка храна како и со пијалоци полни со протеини, ензими и витамини“ стои во тестот. Помеѓу 10-те, како тие ги нарекуваат, далечни можности се наоѓа и онаа дека животот не само што ќе биде продолжен на 150 години туку и дека луѓето ќе се бессмртни. Меѓу другото тука е и предвидувањето дека жетвата на пченката ќе стигне на 5 милиони тони и таа ќе стане едена од стратешките суровини на Југославија.

Можеби ќе ве интересира

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка

РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време