28 Април, 2024
0.0270

Каков третман треба да има деловната тајна

Објавено во: Економија, Колумни 04 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Воспоставувањето на деловен однос помеѓу банките и нивните комитенти подразбира постоење на одреден степен на взаемна доверба. При отворањето на сметката, комитентот се идентификува пред банката, а по потреба доставува и финансиски или ревизорски извештаи, потврдиза платени даноци итн. Додека трае деловниот однос, комитентот врши вложување или подигање на парични средства од својата сметка, како и други банкарски трансакции кои се вообичаени за деловното работење. Секој комитент смета дека неговиот однос со банката е од доверлива природа.

Од друга страна, банките веројатно се најважниот столб на одбраната во борбата со перењето на пари. Тие се должни да ги известат надлежните органи за секоја отворена сметка или секоја трансакција за која се сомневаат дека е поврзана со перење на пари. Уште повеќе, овие институциисе должни да известуваат и за сите готовински трансакции над одреден износ, без да навлегуваат во дискусија дали се работи за перење на пари или не.

Дали комитентите на банките губат некои од привилегиите при спроведувањето на процесот на спречување на перење на пари? Дали известувањата што банките ги доставуваат до надлежните органи - иако комитентот не смее да биде информиран за таквата постапка - претставуваат кршење на вземната доверба што би требало да постои на релација банка - комитент? Дури и кај комитентите кои работат стриктно по законските прописи може да се појави одредена скепса, ако се свесни дека одделни нивни трансакции можат да бидат предмет на анализа од страна на овластен државен орган.

Од друга страна, институциите на системот треба да функционираат. Меѓу другото, тие треба да ги спречат нелегалните активности на одредени субјекти, како и злоупотребата на банките во функција на перење на пари. Јавниот интерес мора да биде заштитен по секоја цена, па и по цена на нарушување на приватноста на одделни субјекти.

 Каде треба да биде повлечена границата помеѓу приватниот и јавниот интерес? Како може да се спречат криминалците во остварувањето на нивните цели криејќи се под плаштот на приватноста и деловната тајна?

Одговорот лежи во правењето разлика помеѓу приватноста и легалноста. Речиси во целиот свет, еден од најголемите проблеми е тоа што одредени членови на општеството, благодарение на нивната позиција или богатство, се обидуваат да преземат одредени активности без да одговараат за тоа. За да може да функционира една држава, сите граѓани мора да бидат еднакви пред законот, а заштитата на легалноста да биде на прво место.

Треба да се знае дека банките делуваат во сферата на услугите и како такви немаат репресивна улога. Тие не можат да ги казнат субјектите кои ги злоупотребуваат во функција на перење на пари. Затоа е неопходна соработката со истражните и судските органи. Доставувањето на информации од страна на банката до овие органи не може да претставува повреда на деловната тајна. Притоа, многу е битно банката да добива повратни информации од надлежните државни органи за да одлучи дали и во кој правец ќе го продолжи деловниот однос со одделен комитент.

Од горенаведеното можат да се заклучат три работи:

Прво, банките секогаш треба да и даваат приоритет на заштитата на легалноста во однос на заштитата на приватноста. Доследното спроведување на законските прописи секогаш мора да доминира над трката за поголем профит. Угледот и довербата во јавноста се елементи кои тешко се градат, а можат многу лесно да бидат нарушени поради остварување на одредени краткорочни цели.

Второ, комитентите на банките кои работат согласно законските прописи не треба да стравуваат од повреда на приватноста и деловната тајна. Како што "чесниот граѓанин не треба да се плаши од полицаецот", така и овие комитенти не треба да стравуваат од анализата на нивните податоци и информации. Процесот на спречување на перење на пари не е насочен кон спречување на користењето на стандардните банкарски производи и услуги. Сите иматели на легални сметки и вршители на легални трансакции можат да уживаат во привилегиите што им ги нудат банките, без да стравуваат за повредата на својата приватност или разоткривањето на деловните тајни.

Трето, криминалците не можат (или не треба да им биде овозможено) да се кријат под плаштот на приватноста. Тие треба да бидат свесни дека активностите на надлежните органи не претставуваат повреда на нивната приватност, затоа што секогаш легалноста мора да биде на прво место.

  д-рГоцеТрајковски

Во текстот се изнесени лични ставови на авторот коишто не мора да кореспондираат со официјалниот став на Народна банка на Република Северна Македонија


Можеби ќе ве интересира

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка