29 Април, 2024
0.0238

Каква беше 2013 за пазарите во развој?

Објавено во: Анализа 02 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

2013-та ја испративме, веќе е историја. Погледнете што се случи во последните 12 месеци во специјалната селекција,најзначајните настани и трендови од политичкиот и економскиот живот во светот. Политиката на ФЕД беше меѓу главните фактори кои го диктираат однесувањето на инвеститорите? Годината е 2013, месецот е мај. Претседателот на Федералните резерви на САД (ФЕД) Бен Бернанке навестува дека кон крајот на годината стапката на тековната програма за влевање на ликвидност во економијата на САД може да биде намален. Реакцијата ? Следеше паника на сите пазари - на капиталните , валутни , на пазарите на суровини ... Многумина аналитичари  го анализираа  настанот , по што секој ден се зборува кога, со колку и дали воопшто ќе бидат намалени паричните стимулации за најголемиот удар врз економиите на т.н.. растечките пазари . Само неколку месеци по " вербална интервенција " Централните банки на земјите со растечка економија масовно  продаваа долари , за да  ја запрат континуираната девалвација на локалните валути. Целта беше една - да ја добијат битката против одливот на капитал. Бен Бернанке од своја страна е на мислење дека ниските каматни стапки во развиените земји се од корист за светската економија . Тој беше изјавил дека програмата за влевање на ликвидност на централната банка ќе продолжи се додека невработеноста во САД не се намали до 6,5 % . Во ноември таа се спушти  до 7 отсто на годишна основа . Пазарите на капитал во земјите во развој претрпеа турбуленции не само поради моќта на американската централна банка . Пример , грозниот  ураган ги погоди Филипините. Во Тајланд беснее политичка криза . Кина го забави економскиот  развој, а сите инвеститори  впериија поглед во втората по големина економија во светот . Америка пак во октомври месец ја стопира работата на државната администрација за прв пат по 17 години и  ги фрли во немири најголемите кредитори на САД, од кои еден е Кина. Пазарните учесници беа загрижени дали најголемата економија во светот ќе успее да прави исплати на својот речиси 17-трилионити долг. По што друго ќе се сеќавате на пазарите  во развој во 2013 година? Ако  свртиме поглед кон регионот на Централна и Источна Европа , ќе видиме дека водечкиот берзански индекс на нашиот јужен сосед Грција се искачува со 27,41 % од почетокот на годината .  Што се однесува до раст , главниот репер на грчкиот пазар ASE дури стои највисоко од сите индекси не само во регионот на Европа , Средниот Исток и Африка , во кој спаѓа , но и меѓу сите разгледани држави во развој. Политичката криза , јавното незадоволство и социјалните тензии во Египет пак очигледно не спречија главниот индекс CASE да придодаде 20,91 % на својата вредност . Министерот за надворешни работи на земјата веќе љубезно ги повика инвеститорите да инвестираат во земјата. На крајот на годината Јужна Африка  го изгуби Нелсон Мандела. Токму тој се смета за " виновникот " ,  кој го предизвика бурниот растеж на земјата. Негова е заслугата таа да се приклучи на Бразил , Русија , Индија и Кина во клубот на Брикс , заземајќи буква "Ц" во кратенка . Во третиот квартал се покажа дека економијата на африканската земја се зголемила со бавното темпо од четири години. Сепак со раст од 10,03 % јужноафриканскиот индекс зазема третото место меѓу индексите во регионот на Европа , Средниот Исток и Африка . Полска , пак, се дефинира како најдинамична европска економија за 2013 . Таа ja зазема четвртата позиција. WIG додава 9,06 % на својата вредност во текот на годината . И навистина - ајде да резимираме како се претставија пазарите со бројни финансиски предизвици 2013 година. Прва по раст меѓу водечките индекси на пазарите е Грција. Втор во рангирањето е рангирана Египет. Топ три се дополнува со Јужна Африка. Прави силен впечаток дека регионот во кој спаѓаат индексите вклучени во индексот MSCI Emerging Markets, се претставува исклучително силно и сигурно ќе расте уште. Во регионот на Азија Малезија, Тајван и Индија е регистриран повеќе материјален  раст меѓу главните берзи. Валута на Малезија - рингит - исто настрада и тоа се одрази негативно на економијата. Меѓу причините за ова е падот на цените на суровините, бидејќи земјата е клучен извозник на многу од нив. Во регионот на Северна и Јужна Америка  се има впечаток дека индексите во топ 5 ги заземаат своите места поради негативните, а не позитивни движења. Сепак прв во рангирањето е Мексико. Следат Колумбија и Чиле. Во Мексико централната банка исто така се обидува да покаже поддршка на економијата. Тоа ги намалува каматите, целта е економијата да го забрза растот, по запаѓањето на земјата во рецесија за време на светската финансиска криза. K.K.