17 Мај, 2024
0.2182

Каква инфузија против „корона вирус“ прими „Македонијатурист“?

Објавено во: Економија 11 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Вложувањето во хартии од вредност како долгорочна стратегија на искусниот прв менаџер и најголем акционер на „Македонијатурист“ се покажа како спасоносна одлука за најголемата хотелиерска компанија. Благодарејќи на финансиските приходи од половина милион евра вториот квартал „Македонијатурист“ го заврши со добивка од 20.000 евра и покрај тоа што друштвото работи со значајно редуциран интензитет. Вкупно за половина година финансиските приходи компензираа над 618.000 евра од загубата на компанијата

Најголемата македонска хотелиерско-угостителска компанија „Македонијатурист“ сериозно е погодена од негативното економско влијание од пандемијата на COVID 19. Финансиските резултати за првото полугодие покажуваат загуба од 206.000 евра што и не е изненадувачки резултат во услови кога хотелите долго време не работеа, а и сега по олеснувањето на мерките условите за организирање свечености се ригорозни и угостителските објекти смеат да работат само со дел од капацитетите.

Всушност финансиските резултати покажуваат изненадување. „Македонијатурист“ вториот квартал го завршила со добивка. Иако е минимална и е резултат на дивидендите од финансиските вложувања сепак во овие услови тоа е резултат достоен за почит.

Во периодот април-јуни „Македонијатурист“ книжи пре-скромни приходи од продажба кои изнесуваат 80.000 евра. Во истиот период оперативните расходи на компанијата се 600.000 евра и носат негативен резултат односно загуба од оперативното работење која изнесува 479.000 евра. Сепак долгогодишната политика на вложувања во финансиски инструменти која ја води менаџментот на компанијата во овие услови е спас! Финансиските приходи на друштвото за периодот април – јуни изнесуваат 498.500 евра (од кои значаен дел се дивиденди од домашни блучип акции н.з.). Токму финансиските приходи на друштвото книговодствено ја покриваат опреативната загуба и гледано само за овој најзагрозен квартал друштвото е во добивка од скромни но многу вредни 20.000 евра.

Резултатот за првото полугодие за „Македонијатурист“ е следен: приходите од продажба од почеток на годинава до крај на јуни изнесуваат 600.000 евра од кои за периодот јануари – март се 520.000 евра. Оперативните расходи за полугодието се 1,48 милиони евра од кои во првиот квартал се 880.000 евра. Оперативната загуба изнесува 822.000 евра и е поголема во вториот квартал, а во првиот изнесува 343.000 евра. Инфузијата за спас на „Македонијатурист“ односно финансиските приходи изнесуваат 618.500 евра за првите шест месеци годинава. Од тоа половина милион евра се во вториот квартал. Загубата за полугодието изнесува 206.000 евра. 

Р.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП