02 Мај, 2024
0.0243

Какви автомобили возат македонските политичари

Објавено во: Стил 09 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Македонските политичари возат различни автомобилски брендови. Податоците од нивните анкетни листови доставени до Државната комисија за спречување на корупцијата покажуваат дека дел од нив сакаат Мерцедес, на други поудобно им е Ауди, а останатите се возат во МБВ, Фолксфаген и др.

Мерцедес возат двајца министри, министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири и министерот за правда, Аднан Јашари, како и  пратеникот на СДСМ, Марјанчо Николов и градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта.

Ауди 80 вози министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, Ауди А4 вози пратеникот на ДУИ, Талат Џафери, министерот без ресор, Џери Наумоф, исто така вози Ауди А4, како и пратеникот и портпарол на СДСМ, Петре Шилегов.

Техничкиот премиер Емил Димитриев, поседува Опел Астра, минисистерот за финансии, Зоран Ставрески, Хонда Цивик, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски пак Шкода Фабија. Министерот за одбрана, Зоран Јолевски вози Сангјанг Муссо, а министерот за здравство, Никола Тодоров, Даеву Тико.

Цените на нивните автомбили се различни и се движаат од 200 илјади денари до над 1.5 милион денари.