Какво време ќе имаме денеска и следната недела?
Објавено во: Македонија 05 Мај, 2017
Времето денеска во Македонија претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, попладне променливо на повеќе места нестабилно, пороен дожд и грмежи, особено во североисточните делови.
Ќе дува умерен ветер од западен правец, кој на западот од Македонија ќе се засилува.
Дневната температура ќе се движи од 19 до 27 Целзиусови степени.
Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне променливо на повеќе места нестабилно, со пороен дожд и грмежи и максимална дневна температура до 25 степени.
Максималните дневни температури ќе бидат во Маврово до 15, Охрид до 21, Битола до 25, Кавадарци до 26, Крива Паланка до 20, Берово до 19, Дојран до 27 степени.
Времето утре ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 16 до 25 степени.
Во недела времето попладне ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува умерен јужен ветер, а дневната температура ќе се движи од 20 до 28 степени.
Во понеделник времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кои повеќе ќе бидат застапени во западните и северните делови од земјата. Дневната температура ќе се движи од 15 до 24 степени.