29 Април, 2024
0.0234

Какво време не чека на новогодишната ноќ? На ова не се надевавте!

Објавено во: Стил 21 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Нова Година ја поврзуваме за снежни снегулки, ладни раце и помрзнати собири на плоштадите во градот. Изгледа дека во оваа новогодишна ноќ синоптичката ситуација ќе биде поинаква.

Декември како и што беше најавено донесе температури кои се над просечните за последниот месец во годината. Мразот се јавуваше само во утринските часови и во текот на ноќта а дневните температури биле во просек околу 7 степени Целзиусови,

Така наречената „блокинг“ ситуација ќе направи времето во земјава, до крајот на годината и во новогодишната ноќ ќе биде без важни промени. Значи не чека суво и студено време со многу сончеви интервали. Температурата ќе биде над просек, дневната околу 9 степени Целзиусови но во текот на ноќта ќе се спуштат до минусот.

Антициклонот или полето на високиот воздушен притисок донесува стабилно време, така да нас во новогодишната ноќ не не очекуваат врнежи.

Во утринските часови може да дојде до појава на магла, кои во текот на денот ќе се расчисти.

По сите модели на прогноза за последниот ден во годината не очекува сонце. Истата синоптичка состојба ќе се здражи и во текот на првиоте денови на 2016 година. Снег е можен во средината на јануари.

Народните ерувања велат дека, кога новогодишната ноќ биде таква каква не очекува на 31 декември 2015 година, не чека тешка и сушна година.