07 Мај, 2024
0.0214

КАЛЕНДАР: Еве кои се неработни денови во Јануари

Објавено во: Стил 26 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

За сите граѓани на Македонија, наредниот петок, 1 јануари 2016 година е неработен ден.

Освен првиот ден од новата година, согласно Законот за празниците неработен ден за сите граѓани на земјава ќе биде и 7 јануари, четврток, првиот ден на Божиќ.

Граѓаните од православна вероисповед нема да одат на работа на Бадник, односно на 6 јануари во среда, а потоа и на 19 јануари кога е Богојавление (Водици).

За граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија, пак, неработен ден е 27 јануари, среда, кога се одбележува Свети Сава.