04 Мај, 2024
0.0245

КАМАТИ, ПРОВИЗИИ, КУРСНИ РАЗЛИКИ - еве што и во година на криза ги изѕида големите банкарски добивки

Објавено во: Финансии 12 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Од каде дојдоа високите банкарски профити во минатата година, според многу параметри страшна на економски план, година на карантини и рестрикции, и во која многу компании, бизниси и граѓани едвај крпеа крај со крај и преживуваа, и тоа само благодарение на државната помош. Многумина си го поставуваат тоа прашање, откако Народна банка ги објави податоците кои говорат дека лани профитот на сите 14 македонски банки вкупно достигнал 118 милиони евра, што е за девет милиони повеќе во однос на претходната, 2019 година.

Фактор, врз основа на билансите на успех за банкарското работење, направи анализа за тоа од што домашните банки ги набилдале високите добивки.

Како и секоја година претходно, главен креатор на добивките се нето приходите од камати. Тоа е големата разлика меѓу каматите што банките ги наплатиле од кредитите дадени на клиентите, и штедните влогови што кај нив ги чуваат граѓаните и фирмите.

Или, лани банките оствариле нето приходи од камати од 245 милиони евра, за еден милион евра повеќе од претходната година. Тоа е приходот кој вообичаено го генерира најголемиот дел од банкарскиот профитен колач. Како дошло до оваа сума од 245 милиони евра за нето приходи од камати?

Имено, по основ на камати на кредитите што ги даваат, банките лани наплатиле 301 милиони евра, и тука има пад за 12 милиони евра во однос на 2019 година. Како што е познато, банките лани во два наврати им го замрзнаа на клиентите плаќањето на ратите, но не ги опростија каматите, туку најавија дека ќе ги прераспоредат со следните ануитети. Тоа е и причината што лани се намалени приходите од камати, но тоа не значи дека за банките се изгубени, туку само дека ќе се наплатат во наредниот период.

Само врз основа на кредити дадени на граѓаните, банките инкасирале камати од 168 милиони евра. Од кредитирањето на компаниите, пак, наплатиле камати од 101 милиони евра. Банките ја кредитираат и државата, па врз основа на хартиите од вредност што и ги издале наплатиле од неа камати од 15 милиони евра.

А многу помалку банките им платиле на граѓаните и фирмите за чувањето на нивните пари. Па така, за граѓанските заштеди банките платиле камати од 25 милиони евра, или девет милиони помалку од 2019 година, што говори за тоа колку се намалени стапките за штедење во банка.

Овде мора да се спомене и дека токму ланската година беше најголемиот тест за довербата од штедачите, бидејќи пропадна Еуростандард банка, со што милионски суми влогови останаа заробени во ликвидираната банка, и сега ќе се чека обештетување од стечајната маса, но тоа ни оддалеку нема да биде доволно за да се намират сите штедачи.

Но, банките заработувале добро не само од камати, туку имале и други приходи.

Од провизии и надоместоци инкасирале солидни 79 милиони евра, а одлично заработиле и од курсни разлики при купопродажбата на девизи, односно 17 милиони евра.

А, она што значајно ги зајакнало банките лани во однос на 2019 година, се останатите приходи од дејноста, од каде дошле дури 52 милиони евра, наспроти 35 милиони во претходната година. Такви приходи се капиталните добивки остварени од продажба на средства, како и наплатени претходно отпишани побарувања.

А за што банките ги направиле најголемите расходи?

Лани имале поголема сума резервации за лоши кредити, односно загуби поради оштетување – исправка на вредноста на финансиските средства, што е за девет милиони евра повеќе од 2019. Отежнатата состојба поради кризата, направила клиентите потешко да ги враќаат своите заеми, па поради тоа се и повисоките резервации.

За плати на своите вработени банките потрошиле 84 милиони евра, за амортизација 18 милиони и 87 милиони евра се одлеале како останати расходи од дејноста.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата