Камион повторно пропадна во фонтаната на плоштадот во Скопје
Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2022
Комерцијално возило повторно пропадна во подземната фонтана на плоштадот во Скопје.
Глетката веќе станува вообичаена за скопјани, бидејќи досега неколку камиони пропаднаа на истото место и ја оштетуваа фонтаната на плоштадот.
Камион е со странски регистарски таблички. Фонтаната подолго време не е во функција.
Претходно властите апелираа да не се поминува со возила таму. Екипите на МВР се на терен и се прави записник.
Пред 2 месеца пропадна камион со опрема за „Пиволенд“