04 Мај, 2024
0.0248

КАПИТОЛ МОЛ: Овој викенд роденденски изненадувања и подароци

Објавено во: Стил 09 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

По повод вториот роденден на Капитол Мол, овој и наредниот викенд купувачите ќе можат да бидат дел од многу активности, подароци, претстави и награди.

Почнувајќи од овој петок, 11 декември од 18 часот посетителите ќе имаат можност да присуствуваат на уникатна модна ревија. Во сабота од 12.30 часот децата заедно со своите родители ќе уживаат во детската театарска претстава „Роденденска честитка“, додека вечерта од 19.30 сите ќе имаат можност да ги пеат песните и да бидат дел од магијата и настапот на поп дивата Тамара Тодевска. Во недела на 13 декември од 12.30 настапуваат ,,Поточиња” и веднаш потоа се организира и чоколадна работилница.

 Следната сабота, на 19 декември, Капитол Мол ќе ги отвори вратите за сите што сакаат да научат нешто повеќе за Лего магијата, изработката и креирањето со фантастичната Лего работилница од 12.30 часот, а час подоцна децата ќе се забавуваат со приказните на Дедо Мраз, дружењето, фотографирањето и споделувањето на своите најголеми новогодишни желби.

Во петок, на 25 декември од 18 часот во Капитол Мол ќе гостува Театарот на сенките „Сонот на облачето“ со претставата „Нашиот штрк Силјан “, а недела 27 декември е резервирана за новогодишната претстава за деца „Желби, желби“ од 12.30 часот.

Работилницте, претставите, настапите и сите активности се отворени за сите, а присуството и учеството е бесплатно.