17 Мај, 2024
0.0290

Капка во море; Со европски грант Кочани ќе го развива својот геотермален систем

Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Со грант од 145 илајди евра од ГЕОСИ програмата на Европската унија, општина Кочани ќе го развива својот геотермален систем.

„Договорот го потпишавме во Република Словенија која заедно со Србија, Хрватска и Романија се членки на ГЕОСИ програмата на геотермални градови при Европската унија. Кочани е единствениот град од Република Македонија член на оваа асоцијација“, изјави кочанскиот градоначалникот Ратко Димитровски, кој ја предвоеше делегацијата на Кочани и на КЈП Водовод во Словенија.

Според градоначалникот, средствата ќе се искористат за изработка на проект за догревање на геотермалната вода во училиштата и оранжериите, а проектот ќе се реализира до крајот на декември 2014 година.

Инаку Македонија е подрачје на кое се наоѓаат големи количини на термални води кои воопшто не се искористуваат за добивање геотермална енергија, која значително се користи во развиените држави со  ваков потенцијал.  Како позитивен пример се споменува системот Геотерма во Кочанско, кој на почетокот на 2011 година овозможи користење на геотермална вода со средна температура од 75 степени, капацитет од 300 литри во секунда и годишна експлоатација од 1.4 милиони метри кубни геотермална вода. Сепак, искористеноста на овој капацитет се сведува на загревање на оранжерискиот комплекс и неколку објекти во Кочани. Истражувањата во Кочанскиот регион покажале дека на длабочина од 2.000 метри под земјата се наоѓаат резерви на геотермална вода со температура од 114 степени, со што овој регион овозможува изградба на геотермална електрана за производство на струја со моќност помеѓу 3,2 и 5 мегавати. Сепак, најави за големи проекти во оваа област сеуште нема.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање