26 Април, 2024
0.0296

Каталонските банки чекорат по тенок мраз

Објавено во: Економија, Анализа 07 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Најголемите банки во Каталонија размислуваат за евентуално повлекување од политички нестабилниот регион, бидејќи клиентите им сигнализирале дека евентуалното прогласување на независност ќе ги натера да ги повлечат депозитите, пренесува Bloomberg.

Банко Сабадел С.А. потврди доцна во четвртокот дека ќе го премести своето седиште во шпанскиот град Аликанте. Управниот одбор на CaixaBank SA исто така одлучи да го пресели своето седиште на Балеарските Острови.

Доверителите поминаа години, обидувајќи се да ги намалат политичките ризици од фактот дека се базирани во Каталонија, преку проширување, но повторно се инволвирани во ритамот на регионот по референдумот за независност, кој доведе и до полициски репресии. Тензиите се намалија делумно во четвртокот, бидејќи сепаратистичките лидери се обидоа да избегнат прогласувањето на итна декларација за независност од Шпанија, додека централната власт во Мадрид и бизнис лидери во Барселона остваруваат силен притисок врз националистичкиот камп.

"Политичката ситуација е трн во очите на овие банки", вели Цезар Молинас, основач на инвестициската консултантска компанија Multa Paucis. "Тие не сакаат нивните клиенти во Мадрид да гледаат на нив како на каталонски банки, ниту нивните клиенти во Барселона да гледаат на нив како шпанските банки, тие газат на тенок мраз ", додава тој.

Покрај поделбата меѓу лидерите на сепаратистичкото движење некои од каталонците сакаат повеќе време за договарање на договор, велат извори запознаени со плановите.

Акциите на банката ги обновија некои од загубите оваа недела по шпекулациите за помирлива позиција за сепаратистичките водачи. По најголемиот пад за годината во средата, акциите на Сабадел се зголемија за повеќе од 6 отсто, додека акциите на CaixaBank се зголемија за 5 отсто во четвртокот. Шпанскиот индекс IBEX 35 скокна за 2,5 отсто во четвртокот, и речиси го брише повлекувањето од претходниот ден.

"Пазарите бараа рационално решение и сега изгледа дека ќе добиеме такво", вели Алберто Есполосин, фонд менаџер во Abante AsesoresGestion. "Мило ми е што двете страни сакаат да има дијалог", вели тој.

Некои од клиентите на одделенијата за управување со богатството на каталонските банки веќе почнаа да трансферираат пари кон доверителите надвор од регионот или прашале за таква можност, тврди извршниот директор на компанија која има добиено барања од потенцијални клиенти. Менаџерите во приватната банкарска дивизија CaixaBank во Мадрид ги поттикнуваат корисниците да ги напуштат своите грижи.

CaixaBank коментираше за потенцијалниот излез на клиенти, велејќи дека "ние не сме погодени од невообичаени движења на депозити на клиенти", и дека ова е "нормален бизнис". Сабадел ги опишува клиентските текови како "апсолутно нормални" и вели дека "нема значително движење на депозити".

"Можам да ве уверам дека менаџерските тимови на овие банки се целосно посветени на интересите на клиентите, штедачите и акционерите", изјави шпанскиот министер за економија Луис де Гуиндос во интервју за Франсин Лакуа на Bloomberg Television. "Овие институции се многу силни".

Еден од проблематичните моменти во евентуалната декларација на независноста на Каталонија е дали регионот ќе може да се придружи на Европската унија одеднаш или подоцна. Во средата во Стразбур Манфред Вебер, лидер на најголемата фракција во Европскиот парламент, ги предупреди каталонците дека "Кој ќе ја напушти Шпанија, ја напушта Европската унија", вклучувајќи ја еврозоната и единствениот пазар.

CaixaBank, основана во 1904 година, често го истакнува со гордост своето потекло, спроведувајќи основна дејност во Каталонија и под амблемот на сината ѕвезда, дизајниран од родениот во Барселона уметник Жоан Миро. Caixa е главен акционер во Барселона Abertis Infraestructuras SA и поседува 24% од Gas Natural SDG SA, исто така со седиште во градот.

Доверителот сепак се прошири и надвор од родниот регион, стекнувајќи се со Banca Civica SA, група на штедни банки, за време на банкарската криза во Шпанија, а претходно оваа година ја презеде контролата врз Banco BPI во Португалија. Сабадел, исто така, се прошири за време на кризата со купување на Caja de Ahorros del Mediterraneo, а во 2015 година ја стекна TSB Banking Group во Велика Британија.

Можеби ќе ве интересира

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто