KATАСТРОФА: 60 проценти од куќите се неупотребливи
Објавено во: Свет 09 Септември, 2017
Околу 60 проценти од куќите кои ги погоди ураганот Ирма се неупотребливи.
Штетата, која ја предизвика разорниот ураган Ирма на француските карипски острови Сен Мартен и Сен Вартоломеј се проценува на 1,2 милијарди евра, соопшти денеска француската државна осигурителна компанија, ЦЦР.
„Овој износ ја покрива штетата на куќите, возилата и фирмите, кои се осигурани во случај на природна непогода“- се вели во соопштението на ЦЦР.
Ураганот Ирма на Карибите остави пустош и големи разурнувања, а однесе и над 21 човечки живот.