Катица Јанева е библиотекарка во „Идризово“
Објавено во: Македонија 19 Април, 2023
Екс специјалната јавна обвинителка Катица Јанева од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО) е библиотекарка во затворот „Идризово“.
„Макфакс“ објави дека таа и оваа година користела продолжен празничен викенд. Директорот на затворот, Зоран Јовановски, информираше дека Јанева уредно се вратила во затворот и ги извршува редовните затворски обврски.
Јанева е осудена на седум години затвор во случајот „Рекет“ за злоупотреба на службената положба и овластување.