Катица Јанева и Владимир Панчевски побарале помилување кај Пендаровски
Објавено во: Македонија 04 Мај, 2023
Поранешната шефицата на СЈО, Катица Јанева, поранешниот судија и претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски, и бизнисменот Сеад Кочан побарале помилување од претседателот Стево Пендаровски додека ги издржуваат затворските казни.
Јанева и Панчевски годинава по првпат, додека Кочан по вторпат се обиделе преку шефот на државата да го скратат својот престој во затвор каде што издржуваат повеќегодишни казни.
Сепак, како што дознава „360 степени“, претседателот на државата Пендаровски ги одбил нивните барања, односно одбил да ги помилува.
За Јанева, Панчевски и Кочан исходот од целата процедура завршил безуспешно, бидејќи конечната одлука на претседателот била негативна.