Катимерини: Има надежи за решавање на спорот за името догодина
Објавено во: Балкан 23 Јули, 2017
Грчкиот весни „Катимерини“ објави извештај кој според дипломатски извори дава надеж дека следната година ќе биде клучна за можно решавање на долгогодишниот спор меѓу Атина и Скопје за името на Македонија за меѓународна употреба.
Весникот наведува дека официјални претставници во Европа и во САД сметаат дека ќе се отвори можност за решавање на спорот за името во периодот меѓу локалните избори во октомври годинава и претседателските избори во Македонија во 2019 година.
Надежите за решавање на проблемот се појавија откако социјалдемократот Зоран Заев состави влада во јуни по повеќемесечениот политички хаос. По формирањето на новата владејачка коалиција, македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров минатиот месец ја посети Атина за да се сретне со грчкиот колега Никос Коѕиас, кој, пак, треба да го посети Скопје кон крајот на август, пишува Катимерини.