Кавадарци и Буча се збратимија
Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2022
Кавадарци се збратими со украинската општина Буча.
Градоначалниот на Кавадарци Митко Јанчев и заменик градоначалникот на Општина Буча, Украина, Шепетко Серхи денеска потпишаа договор за збратимување на двете општини. За Јанчев овој договор значи меѓусебна соработка на повеќе полиња од општественото живеење. Во името на општината Буча и градскиот Совет, заменик градоначалникот на Буча, Шепетко Серхи се заблагодари за помошта и поддршката и изрази надеж за соработка на културно, образовно и други полиња. Тој кажа дека и натаму е тешко во нивната општина, се слушаат сирени за воздишни напади, имаат вода, но треба уште многу напор за да животот се врати во нормала.