26 Април, 2024
0.0344

КАЗНА ПО СЕКОЈА ЦЕНА: Треба ли да се ревидира системот за инспекциски надзор?

Објавено во: Економија 24 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

За најголем број од компаниите регулативата за инспекцискиот надзор не е доволно јасна и достапна (43,67 отсто), а уште една третина од нив (33,85 отсто) воопшто не се запознаени со неа. Заедно собрани овие проценти укажуваат на фактот дека за огромен дел од македонските фирми, или три четвртини од нив, системот за контрола на однесувањето на субјектите на пазарот функционира несоодветно или пререстриктивно, што во себе крие опасност да предизвика контраефекти и да стане кочничар на економскиот развој.

Поради тоа, веќе подолго време бизнис заедницата бара да се ревидира системот за инспекциски надзор и прекршочно правна одговорност во насока да се направи поедноставен за примена, превентивен наместо репресивен и со јасни и прецизни законски одредби. Ова барање го темелат на фактот дека правилната примена на прописите од страна на сите деловни субјекти е неопходна за поволно деловно опкружување и нормално функционирање на пазарот. Тоа не само што ќе доведе до спречување на нелојалната конкуренција и справување со „сивата“ економија, туку и ќе влијае поттикнувачки со цел компаниите да го унапредуваат своето работење.

Но, за жал, праксата во изминатите децении покажува поинаква слика, па дури и селективност на инспекциските служби кон одредени фирми. Актуелната влада на Зоран Заев во неколку наврати се произнесе дека ќе направи ревизија на законите кои го опфаќаат инспекцискиот надзор, а посебно на казнената политика, но досега се остана само на најавата.

- Имам впечаток дека инспекторите секогаш влегуваат во дуќанот со намера да најдат неправилност и да казнат. Бараат грешка по секоја цена, загледуваат и најмала ситница и веднаш пишуваат глоба. Многу ретко се случува прво да ни дадат опомена или да не испратат на едукација за да не ја повториме грешката во иднина. Казните се огромни, по неколку илјади евра, а тоа се пари кои не ги вадиме ни со неколку месечна работа- се жали еден сопственик на продавница за текстил.

Преиспитувањето на системот за инспекциски надзор е едно од 19- те барања за подобрување на бизнис- климата во земјава кои Стопанската комора на Македонија ги достави Владата и чека на нивна брза реализација. Истражувањето на комората во рамките на УСАИД проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ покажува декакога станува збор за спроведувањето на инспекцискиот надзор и прекршочната политика, за жал, во многу ситуации повеќе се приближуваат кон негативните исклучоци наместо кон посакуваните ефекти, и тоа се должи на неколку причини: мноштвото на прописи кои го уредуваат спроведувањето на инспекцискиот надзор предизвикува комплексност; прекршочните санкции сé уште се имаат доминантно репресивен карактер; забрзаните постапки за порамнување се несоодветно уредени.

- Нормативната рамка на оваа проблематика треба да биде поедноставена, на начин на којшто ќе биде јасна и разбирлива за субјектите, но и ќе обезбеди воедначување на стандардите за толкување и применување на одредбите од страна на различните инспекциски органи. Понатаму,треба да се работи на понатамошно едуцирање на инспекциските служби за нивните овластувања и обврски при спроведувањето на надзорот, но и за правата кои субјектот на надзорот ги има во текот на оваа постапка, а кои доследно треба да бидат почитувани во постапката, но истовремено и да се обезбеди соодветно ниво на контрола над нивното спроведување во секоја поединечна постапка - велат во Стопанската комора.

Според бизнисмените,  треба да се ревидира системот на прекршочни санкции   и тоа не само на пропишаните износи на глобите, кои во многу области сеуште се несразмерно високи, туку и на унапредување на превентивното постапување од страна на инспекциските органи, Тие не треба само да изрекуваат опомени, туку и да спроведуваат едукација на субјектите на кои им е изречена санкцијата, која ќе биде насочена кон укажување на направените пропусти во работењето и посочување каде да го корегираат своето работење, во насока на постигнување на целосна усогласеност на нивното работење со применливите прописи. Конечно, забрзаните постапки за порамнување предвидуваат повеќе спорни одредби, поради што поради што потребата од нивното постоење треба да биде преиспитана.

- Само на тој начин може да се придонесува за создавање на поволно деловно опкружување, кое ќе им овозможува на деловните субјекти да растат и да се развиваат- велат во Комората.

(М.Б.)

Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9