Добивај вести на Viber
Пради работење Иран, Мјнмар, Либија и Судан односно кршењето на санкциите кои што ги наметнати од Вашингтон, Министерството за финансии во САД, излезе во јавноста со соопштение дека банката Стандард Чартед ќе треба да плати казна од 327 милиони долари.
Властите во Вашингтон тврдат дека банката затајувала информации за финансиски трансфери низ банки во САД во кои се вели дека клиентите биле фирми и поединци кои подлежат на санкции на тие држави.
Уште во месец август, њујоршкото одделение на Стејт департментот за финансиски услуги наведе дека банката затаила повеќе од 60.000 трансакции за работење со ирански финансиски институции во вредност од 250 милијарди долари во период од 10 години.