26 Април, 2024
0.0288

Ки: На Шкотска и е потребна своја валута

Објавено во: Свет 21 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Независна Шкотска ќе треба да создаде своја валута и да се откаже од фунтата, доколку сака да има контрола врз даноците и нивото на трошење, тврди шкотскиот економист Џон Ки, поранешен главен советник на првиот министер Алекс Салмонд.

Според професорот Ки, одржувањето на монетарна унија меѓу Шкотска и „остатокот“ на Велика Британија, е спротивност на настојувањето да се има фискална слобода, за што се залага Шкотската национална партија и нејзниниот лидер Салмонд, како и на тврдењето дека тоа ќе биде најголемата полза од отцепувањето и прогласувањето независност.

Ако Шкотска не сака Лондон и тамошниот Парламент да имаат контрола врз даноците и буџетското трошење, ќе мора да создаде своја валута, инсистира професорот Ки. Тој уште вели дека властите во Единбург мора да бидат свесни, дека како членка на ЕУ, Шкотска не ќе може да користи дел од наследството од рабатот од европскиот буџет, односно од парите што Велика Бртанија сега ги добива назад, затоа што користи малку средства од фондовите за субвенционирање на аграрот. Тоа сега се 2,9 милијарди фунти годишно кои се враќаат во британскиот буџет, од кои пропорционално, еден дел се префрла и во Шкотска.

Првиот министер Салмонд досега во повеќе наврати изјави дека Шкотска ќе ја задржи фунтата како своја валута и по отцепувањето од Велика Британија. Референдум за независност е предвиден за окотомври 2014 година.

Предупредувањето на Џон Ки доаѓа по објавувањето на извештајот на една холандска банкарска група за тоа дека независноста ќе и наштети на економијата на Шкотска и на економијата на она што ќе остане од сегашната Велика Британија.

Можеби ќе ве интересира

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре