Киев е подготвен да купи руски гас, но под еден услов во однос на транзитот
Објавено во: Свет 23 Октомври, 2017
Украина е подготвена да ја разгледа можноста да го обнови купувањето на гас директно од Русија, но со услов дека се премести точката за пренос на обемот на гас за европските потрошувачи од западната на источната граница на земјата.
Ова го изјавил во понеделникот заменик-премиерот на Украина Владимир Китион.
„Ако ние ја преместиме точката за известување на транзитот на источната граница, оваа опција може да биде разгледана. Во сегашниот формат - тоа е многу ризично и неодговорно“, рече Кистион, одговарајќи на прашање за можноста за купување на гас од Русија, пишува украинското издание „Икономическая правда“.
Претходно претседателот на Украина Петро Поропенко во годишна порака пред Врховната Рада изјави дека земјите на ЕУ од 2020 година треба да купуваат руски гас „не на западната, на источната граница на Украина, а Украина ќе обезбедува квалитетни транзитни услуги не на Русија туку на ЕУ“.